Зејнеп е просечна девојка со големи соништа и навидум досаден живот.

Еден ден, таа и нејзиното момче наоѓаат торба полна со пари во изнајмен автомобил.

Кога ќе доживеат сообраќајна несреќа, Зејнеп има избор: Може да го спаси животот на своето момче или да ги земе парите и да избега. Се одлучува за второто, решена да ги оствари своите соништа.

Така започнуваат авантурите на Зејнеп, која се трансформира во модерната „Мелис“ и се пробива во високото општество.

Мелис го таргетира Онур Коксал, успешен бизнисмен и најстар син на богато семејство.

Таа успешно се пробива во семејството Коксал, но колку подлабоко оди, толку повеќе сфаќа дека животот на врвот има и свои беди. Таа исто така учи дека, без разлика колку далеку трчаш, не можеш да избегаш од минатото…

Сабота и недела, нова турска викенд драма на Сител телевизија. Бајка – сабота и недела во 19.45 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
