Во срцето на драмската серија „Гора“ е тим планински спасувачи чии постапки, како и нивните приватни животи, имаме можност да ги следиме во 22 епизоди. Во секоја епизода, тие се занимаваат со нов случај на пребарување и спасување, честопати вклучувајќи нелегални активности, природни катастрофи, небрежност и невнимание, но и полесни теми како што се вечно неподготвените туристи.

Но, нашите херои, покрај тоа што спасуваат животи и спречуваат големи несреќи, имаат и лични проблеми, луѓето се во тешки животни ситуации, отуѓени, осамени, а на некои им е тешко да побараат помош…

Хероите на „Гора“ живеат во Горски Котар, каде што е сниман поголемиот дел од серијата, со храброста и жртвата на тимот спасувачи.

Секоја епизода има нов случај за потрага и спасување, но и приказни за приватниот живот на јунаците. Од понеделник до четврток на Телма, веднаш по “Топ тема” во 20.25 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
