Почетна / Забава / „Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба на слики и книга за деца

„Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба на слики и книга за деца

По незаборавната летна премиера во античката Хераклеја, каде повеќе од 3.000 посетители беа сведоци на спектакл под ѕвездено небо, Flowers Symphony оваа доцна есен пристигнува за првпат во Скопје.

На 30 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, Македонската филхармонија ќе ја пречека симфонијата која ја слави убавината, љубовта и животот во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect во симфониски состав, под диригентската палка на Владимир Димовски.

„Flowers Symphony“ е доживување што ја претвора сцената во цветна градина од емоции. Секоја композиција е како расцветан цвет: различен по боја, мирис и енергија, а заедно тие создаваат совршена хармонија. Публиката ќе има можност да ги доживее најпознатите италијански канцони во величествена симфониска форма – безвременските „Time to Say Goodbye“, „O Sole Mio“, „Caruso“, „Flower Duet“, „Vivo per lei“ и многу други песни кои ја одбележаа историјата на љубовната музика.

На сцената ќе настапат три извонредни сопрани, чии гласови ќе се спојат во едно прекрасно музичко ткаење, со поддршка на над 40 оркестарски уметници. Заедно ќе ја доловат суштината на италијанската страст во изведба полна со нежност, елеганција и симфониска раскош.


По големиот успех на летната премиера во Хераклеја, каде музиката, публиката и природата дишеа како едно, концертот ја продолжува својата приказна во Скопје во најелегантната концертна сала во земјата. Иако есента носи мирис на завршеток, „Flowers Symphony“ го потсетува секој присутен дека убавината никогаш не завршува, таа само го менува својот облик. Како цвет што цвета и во зима, музиката на овој концерт го буди чувството дека секој крај е нов почеток.

Битолски Камерен Оркестар, кој под водство на Владимир Димовски последниве години ја дефинира новата симфониска сцена во Македонија, во оваа пригода настапува во проширен состав – симфониски оркестар кој ги обединува најдобрите музичари од земјата и регионот. Со препознатливата фузија на класика и популарна музика, оркестарот повторно ја руши границата помеѓу жанровите, создавајќи концерт кој подеднакво ги освојува љубителите на класика и современа музика.

Во времиња кога брзината го менува ритамот на животот, оваа симфонија нè потсетува на нешто суштинско – дека љубовта, нежноста и добрината секогаш цветаат во нас, ако само им дадеме простор да расцутат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кругови“ – концерт на пијанистката Дуња Иванова во КИЦ

На 8 октомври (среда) во Културно-информативниот центар со почеток во 20 часот, пијанистката Дуња Иванова …

error: Содржината е заштитена!