За време на летните месеци, на ниедна телевизија во цел регион не застанува времето, односно програмската шема продолжува да си тече согласно барањата и потребите на гледачите и огласувачите.
За пример, сега ќе ја земеме босанската ОБН телевизија. На оваа национална телевизија, премиерна програма започнува од 15 часот и трае до доцна во ноќта.
Па така, попладневните часови се резервирани за домашни кулинарски емисии кои премиерно се емитуваат и во јули и во август…
… додека пак ноќните термини се резервирани за цел блок на премиерни играни серии. Па така, ОБН емитува во низа по 4 турски серии навечер, а ноќта ја завршува со корејска серија.
Дани | ТВ Пакет