Почетна / МК Сцена / „Инсомнија“ – нова песна од Виктор Апостоловски, во изведба на Јане Славов

„Инсомнија“ – нова песна од Виктор Апостоловски, во изведба на Јане Славов

Македонскиот пејач Јане Славов ја промовира својата нова песна насловена како „Инсомнија“, инаку авторско дело на Виктор Апостоловски, кој стои зад комплетната музичка, текстуална и визуелна реализација на проектот.

Станува збор за современа поп композиција со модерен аранжман и впечатлива вокална интерпретација, преку која Славов продолжува да го гради својот солистички правец на македонската музичка сцена.

Спотот за песната е снимен на неколку локации низ Македонија, а најмногу од кадрите се изработени во Битола. Песната е веќе достапна на сите дигитални платформи, а официјалното видео може да се погледне на YouTube.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филип Стојковски сними своја изведба на безвременската „Зајди, зајди“

Младиот македонски пејач кој неодамна се оствари во улогата на татко, Филип Стојковски ја препеа …

error: Содржината е заштитена!