Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (69. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (69. продолжение)

Беше ноќ на прослава. Црвено вино, кубански цигари и расфрлани пари во борделот на тетка Кармен. Енцо Анџели заедно со своите луѓе славеа за пронајденото злато на имотот. Сосема случајно во борделот се најде Рикардо, кој имаше желба да се напие чаша пиво пред спиење, кога забележа дека салонот е полн како никогаш претходно. Немаше слободна маса, па ја повика тетка Кармен на страна и ја праша што се слави во куќата.
– Енцо Анџели слави нешто со своите луѓе, – одговори жената.
– Тоа значи дека нема место за мене вечерва?, – праша, помалку лут. За Кастењон секогаш имало место во борделот.
– Не биди таков, дете. Гледаш дека е полно. И те молам не му кажувај на татко ти дека го служам дон Енцо. Ќе се налути многу. Го познавам.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 69 – „Планот на Кристина и Алис“

 

Беше ноќ на прослава. Црвено вино, кубански цигари и расфрлани пари во борделот на тетка Кармен. Енцо Анџели заедно со своите луѓе славеа за пронајденото злато на имотот. Сосема случајно во борделот се најде Рикардо, кој имаше желба да се напие чаша пиво пред спиење, кога забележа дека салонот е полн како никогаш претходно. Немаше слободна маса, па ја повика тетка Кармен на страна и ја праша што се слави во куќата.
– Енцо Анџели слави нешто со своите луѓе, – одговори жената.
– Тоа значи дека нема место за мене вечерва?, – праша, помалку лут. За Кастењон секогаш имало место во борделот.
– Не биди таков, дете. Гледаш дека е полно. И те молам не му кажувај на татко ти дека го служам дон Енцо. Ќе се налути многу. Го познавам.
– Сакаш да кажеш дека сите овие луѓе ги чести Енцо?
– Изгледа.
– Што слават?, – љубопитно беше момчето.
– Не знам. Јас сум тука само да ги служам.
– Од каде му пари на проклетиот италијанец?, – Рикардо беше полн со гнев и прашања.

Следното утро, за време на појадокот на фазендата се појави Рикардо, тетеравејки се по дрвениот под. Естер беше гневна, а Фаусто го грабна за јаката и го праша од каде доаѓа. Рикардо се смешкаше. Можеби масите во салонот минатата ноќ беа полни, но не и собите во борделот. Ја порача најскапата девојка која одеше во цена со неограничено пиење.
– Каков е овој начин да се појавиш дома во оваа доба пред твојата мајка и сестра во ваква состојба, Рикардо?
– Смири се, татко, бидејки ти носам ексклузивни новости од селото.
Елиса го сопре здивот за момент. Нејзиниот постар брат мирисаше на стоено буре со вино.
– Енцо Анџели ја помина целата ноќ во борделот на тетка Камрен.
Естер остана како прободена со нож при ваквото сознание.
– Од кога тој италијанец ужива во друштвото на девојките од борделот?, – дрексо праша Фаусто, внимателно враќајки се на своето место. Сеуште го болеше местото на кое што го касна змијата.
– Не знам, татко, само знам дека со него беа сите луѓе кои работеа за него и потрошија брдо пари.
– Брдо пари велиш? Од каде му пари на тој бедник, Рикардо?

Фаусто не го држеше повеќе место. Мораше да дознае од каде му пари на италијанецот за да ги чести своите работници. Влезе во борделот како фурија, практично откорнувајки ја влезната врата од шарките. Девојките, полуголи вреснаа во еден глас. Фаусто и се нафрли на тетка Кармен, задушувајки ја околу вратот. Ја држеше толку цврсто со своите силни раце што жената пребледе.
– Зарем не бев јасен кога ти кажав да не го примаш Енцо Анџели, стара курво?!
– Дон Фаусто, – старицата одвај доаѓаше до воздух кога тој ја пупшти.
Бесен и полн со горчина, ја турна масата пред себе, раскршувајки го приборот на истата. Но, не застана. Продолжи да ги крши прозорците, да го руинира мебелот, ламбите, креденците…Девојките испалешно стоеа припиени за ѕидовите плашејки се дека може да ги повреди.

Моналиса седеше на масата во кујната на фазендата, додека го сечеше спанаќот во зделата, во мислите и се вратија сеќавањата од ониј ужасен ден. Денот кога Господарот ја направи своја. Беше болка која што никогаш нема да може да ја заборави. Горчливи и врели солзи се лизнаа по нејзиното нежно лице, токму во моментот кога во кујната влезе Антониета, прекорувајки ја девојката дека во последно време само плаче и дека не работи ништо.
– Простете, госпоѓице Антониета, – рече девојката, бришејки ги солзите.
– Овде си за да работиш и не сакам повторно да те видам со таа фаца на жртва.
– Извинете, но сметам дека имам добра причина за да се чуствувам онака како што се чуствувам.
– Замолчи! Вие, жените од вашата фамилија сте сите исти. Ти се случи тоа што ти се случи бидејки си бесрмана, бидејки ги предизвикуваш мажите.
– Да слушнам, повтори што рече, – до Антониета допре гласот на Марија Грација, која влезе во кујната низ задната врата, со корпа полна праски.
– Еве ја мајката на жртвата за да ја брани, – Антониета не престануваше да фрла отров.
– Нема да ти дозволам така да се однесуваш со мојата ќерка! Тоа што си огорчена, стара мома не ти дава за право да се истураш врз нас!
Ваквите зборови ја разбеснаа домарката.
– Замолчи, мрсулава италијанко!
Наместо да и се покори. Марија Грација и врати со силна шлаканица која како ехо одекна низ ѕидините на врелата кујна. Антониета и се нафрли како повредена мачка, но Марија Грација не седеше мирна. Почнаа да се влечат за коса, но силата на италијанката доминираше. Ја поокори под своите нозе, со ноктите ја зграпчи за белата кожа на лицето, внесувајки и ги своите зелени очи, полни гнев.
– Ова да биде последен пат како што си и префрлилан нешто на мојата ќерка, дали сум јасна?!
– За ова ќе дознае газдата, – низ заби процеди Антониета кога остана на одредена далеччина од готвачката. – Нема да се смирам додека не бидеш казнета, Марија Грација!

Алис седеше покрај подотворениот прозорец во својата соба, пушејки наргиле кога во комплетното уживање ја прекина тропање на вратата. Даде дозвола за влез. На нејзино пријатно изненадување, беше Кристина.
– Од каде ти тука, Кристина?, – ја праша низ насмевка. – Сакаш да повлечеш?
– Не, благодарам, – одби италијанката.
– Што те носи овде?, – праша, мрсејки ги локните во косата на италијанката.
– Дојодв да разговарам со вас. Размислував за вашиот предллог…Да имам дете од дон Анибал. Прифаќам.
– Кристина, – радосно крикна Алис. Тоа беше најубавата вест која ја имаше слушнато во последно време. Посака да ја прегрне, но италијанката се задржа на дистанца.
– Не ликувајте бидејки имам услови. Мое дете ќе Ве чини многу, многу скапо.
– Дали си сигурна дека ова го правиш само за пари?
– Не. Туку за да и го загорчам животот на вашата мајка, – искрено одговори поранешената куртизана.
Искреноста на Кристина ја засмеа Алис.
– Јас и ти сме сродни души, – рече кикотејки се.
– Немојте да бидете толку сигурна, госпоѓо. Јас сум јасна како вода кога станува збор дека ги преферирам мажите.
– Тоа е ситница.
– За мене не. За мене мажите се страст, секојдневие, воздух без кој не можам да живеам.
– Не сакам да зборуваме за тоа сега. Сега мораме да се концентрираме на нашиот план. Ќе почнам да го убедувам Анибал дека почнувам да се интересирам за него, – додаде пакосно, повлекувајки димче од наргилето.

Анибал ја посети Лукреција во нејзината соба. Иако самата помисли да биде насамо со неа предизвикуваше искушение, сепак мораше итно да рагзовара со неа за Алис.
– Лукреција, ти си единствената која може да ми помогне. Татко е способен да ме убие ако не му дадам наследник. Алис постојано ме избегнува. Зборувај со неа.
– Ти ветувам, – рече таа гледајки ги неговите полни и сензуални усни. Не можеше да му одолее, па ги стави рацете околу неговиот врат и го бакна страсно, во истиот момент кога во собата без најава влезе Естер.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …