Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #6 |Alevosía

Предавство, епизода #6 |Alevosía

 

И покрај големата желба која ја има да ја види, Густаво ја одбива поканата на Лусија, знаејки дека таа е жена на неговиот газда.

Во интимноста која ја имаат двајцата, старата вдовица Марта му признава на Октавио дека бидејки нема деца ниту фамилија, нема на кого да го оставио свето големо наследство кога ќе почине. Октавио добива уште поголема желба да и ги разубави последните денови од животот на старицата.

Договорени да се најдат кај него, Анхелес го посетува Густаво во неговиот стан. Но, бакнежите и допирите на Густаво не се оние исти како претходно. Ја прашува Анхелес зошто го лажела и зошто не му кажала дека е ќерка на Игнасио Соријано?

Анхелес му одговара дека морала да го прелаже бидејки до тогаш сите момци со кои се гледала биле заинтересирани само за нејзините пари.

Сосема случајно, Октавио дознава дека Наталија, љубовницата на неговиот пријател Игнасио е тесно поврзана со мафијата, дилерството и проституцијата.

Ја посетува Наталија во нејзиниот стан и и се заканува дека ќе ја обвини за обид за убиство на Игнасио ако не се повлече од неговиот живот.

Нешто подоцна, го посетува својот пријател во болница и го лаже дека и платил на Натлија 500 илјади пезоси за да се тргне од неговиот живот.

Тринидад доаѓа во мансионот на Соријанови за да разговара со својата сестра, но Чоле ја известува дека Лусија не е дома. Меѓу другото, верната домарка и вели на Тринидад дека добро ја познава и ја советува да се држи настрана од Лусија бидејки има лошо влијание на неа.

Игнасио се јавувава во својата канцеларија, известувајки ја својата секретарка дека ќе остане уште неколку дена на непланираното патување во Њујорк.

Но, Кларита, младата секретарка на Игнасио Соријано, по телефоснкиот број отркива дека нејзиниот шеф лаже и дека се наоѓа во приватна кардио клиника во Гвадалахара.

Во адвокатската канцеларија, Хулијан детално ја подготвува роденденската забава за Нативидад без нејзино знаење, или бар тој така верува. Нативидад и признава на Лусија дека знае за плановите кои ги организира Хулијан за нејзиниот роденден, но одлучува да молчи за да не му ги расипе истите.

Кога Игнасио ќе се врати дома ја прашува Лусија дали нешто се сменило во негово отсуство а таа го известува дека плановите за развод се во тек а меѓу другото бара од него да ја напушти вилата.  Го известува и дека Диего ќе ги напушти студиите по медицина и дека таа комплетно го подржува новиот избор за кариерата на својот син.

Октавио го советува Игнасио да оди да живее во станот кој го имаше купено за Наталија, кој сега е празен по нејзиното мистериозно заминување.

Игансио ја посетува доња Инес и бара помош од неа, да му помогне да ја убеди Лусија да не се разведува од него. Меѓу другото и вели дека се сомнева дека неговиот син Диего е хомосексуалец.

Анхелес која дознава дека Хоакин бил оној што му кажал на Густаво за неа, доаѓа во барот и прави сцена, несвесна дека Густаво е зад неа и ја гледа истата расправија.

Густаво и признава дека можел да се вљуби во неа, но по лагите за потеклото и сцената која ја видел без нејзино знаење сфатил дека не можат да бидат заедно.  Анхелес со грутка во грлото го прашува дали тоа е крај меѓу нив, по што Густаво и потврдува.

Со созли во очите и без збор, Анехелес го напушта барот, седнува во својот автомобил и си ветува себеси дека ќе стори се за да биде девојка на Густаво Монтемар.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!