Почетна / Живот / Нова сезона од серијалот „Дебела и фантастична“ секој вторник на TLC

Нова сезона од серијалот „Дебела и фантастична“ секој вторник на TLC

  

Нова сезона со Витни Тор и нејзините пријатели

 

Витни Тор со своите урнебесни пријатели и семејство тргнува во нова авантура во новата сезона на серијалот „Дебела и фантастична“ од вторник (17 ноември) во 21 ч. на TLC каналот.

 


 

Витни е девојка со малку повеќе од 150 см. височина и дури 172 кг. Не така одамна била танчарка со само 50 кг. Но по дијагностицирањето на полицистични јајници за само девет месеци се здебелила 45 кг. Килограмите само продолжиле да се зголемуваат , а Витни продолжува да се чувствува како ситна девојка заробена во големо тело. Носејќи се со недостатокот од самодоверба и притисоците на околината, Витни не сака да се откаже од својата страст према танцот и во 2014 год. стана вистински хит со видеото „Fat Girl dancing“ на YouTube. Од тогаш нејзиниот живот драстично се променува.

 


 

Новата сезона ни ги открива целите кои си ги има поставено во борбата со заканата од ран дијабетес. Иако поголемиот број не можат да замислат некој со 170 кг. да вози велосипед, вежба карате или да трча маратон, таа сака да им покаже на луѓето дека внатрешната сила е сè што е потребно за успех. Преку кампањата „Без срам од своето тело“ и танцувачкиот натпревар за полни жени, таа успева да се осамостои од своите родители. Покрај таа, друга промена и предизвици кои ја очекуваат Витни се поврзани со Бади и првата љубов после долго време.

 Следете ја Витни секој вторник со нова епизода на TLC.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Пожарникарите на Скопје со порака до граѓаните

„Ние останавме на работа, работиме за вас. Вие пак, останете дома за нас! Седете дома, …

error: Содржината е заштитена!