Почетна / Вебновела / Црвена месечина 110

Црвена месечина 110

Сто и десетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Откако Алтаграсија и Имелда го псолужија ручекот на хациендата, Клеменсија ја начна темата за поделбата на населдството пред своите гости Алехандро и Дијана.
– Навистина не знам како да го испалтиме Вашиот дел од наследството, господине Молина. Земјата нема да биде проблем, но немам ни претстава како можеме да ја поделиме куќата.
Во трпезаријата влезе Марија Клара.
– Добар ден на сите, – им посака, игнорирајки го погледот на Алехандро.
– Каде беше цело претпладне, небо?, – ја праша Клеменсија.
– Во пансионот на доња Висента. Сакав да зборувам со Матилде, но не ја најдов дома. Потоа бев на исповест кај отецот Боске. Кога се враќаш во Порто Рико, Дијана?, – дрско ја праша гостинката.
– Чекам Алехандро да го среди проблемот со наследството. Ќе заминеме заедно, – одговори докторката.
– И ти ќе си одиш?, – го праша Марија Клара, со кнедла во грлото.
– Мораш да разбереш дека имам потреба да му се вратам на мојот живот. Имам потпишано договор со продуцентската куќа и не можам уште долго да отсуствувам од работа, – одговори Алехандро.
– И нема да се вратиш?
– Разбери дека господинот Молина е зафатен човек, ќерко, – ја пресече Клеменсија. – Мора да си го обнови животот.
– Да, но рече дека никогаш нема да ме остави.
– Ќе се вратам кога ќе се роди твоето дете за да бидам тука кога ќе се разведеш од Фабијан, – додаде Алехандро а тоа уште повеќе ја разбесна младата жена.
– Нема потреба да се враќаш за мене. Секој ден те презирам се повеќе, – додаде дрско и ја напушти трпезата.
– Не смее вака да реагриа сега кога е бремена, – нерзвозно и загрижено рече тетка и.
– Клеменсија, Алехандро и јас сакавме да ве прашаме нешто, – почна Дијана. – Дали е можно човекот кој ја силувал Марија Клара да бил Артемио Сантибањез?
Ваквото прашање на Дијана ја вознемири старицата. Ја испушти вилушката од рака, а со широко отворени очи погледна во Алехандро. Очигледно и тој го делеше таквото мислење.

Фабијан го сопре својот автобобил кога по патот кој водеше кон селото ја забележа Маргарита. Беше смело облечена со кратко здолниште и кошула во широк отвор. Излезе од колата, пријде до девојката и ја зграпчи за раката.
– Каде одиш?, – ја праша.
– Во селото, да се видам со Матилде.
– Влегувај во кола, – и нареди.
– Зошто?,- се опираше таа.
– Бидејки имам желба да бидам со тебе, – и одговори љубејки ја по вратот.
– Но, Матилде ме чека…
– Ќе те почека. Сакам да бидам со тебе, – додаде тој и на сила ја турна во автомобилот.

Марија Клара се врати од шталата и дотрча во дневната просторија каде што Клеменсија пиеше чај покрај прозорецот.
– Каде е Алехандро?
– Замина со Дијана, – одговори старицата.
– Се породи Алегра, незнаеш колку убаво пони имаме сега, тетко. Сакав да му го покажам на Алехандро.
– Не верувам дека поните може да го интересира. Небо мое, дојди. Седни до мене. Сакам да зборуваме.
– За што?, – праша Марија Клара седнувајки до својата тетка.
– За времето кога беше малечка, кога живеевме во градот, се сеќаваш? Помниш колку беше убава куќата во која живеевме?
– Секако. Имаше преубава градина, голема и пространа каде што си играв по цел ден со моите кученца.
– Да, Тото и Мемо, – се сети Клеменсија. – Ја помниш ли Конча, готвачката?
– Секако, помнам колку беше дебела. Го помнам и Тито, шоферот. Секогаш ме засмејуваше. Уште тогаш ме персираше и ме викаше “госпоѓице“. Имаше и еден старец…Како ли се викаше?
– Адвокатот Салерно?! Беше многу добар човек и му беше како десна рака на дедо ти. Исто таму беше и Артемио Сантибањез? Го помниш?
– Да, – одговори Марија Клара и го спушти погледот. Како и обично не сакаше да зборува за тој човек.
– Артемио беше чест гостин во куќата, – додаде Клеменсија. – Помниш ли дали те посетуваше додека дедо ти работеше а јас не бев дома, небо?
– Да.
– И што правеше?
– Играше со мене…Но, мислам дека ни од тогаш не го сакав.
– Зошто?
– Не знам, но секогаш кога ќе го видам, дури и сега имам страв од него.
– Зошто никогаш не си ми го кажала тоа?
– Тетко, го знаеше тоа. Освен тоа и ти го делеше истото мислење. Одеднаш се смени и рече дека само тој може да ни помогне. Мило ми е што повеќе не инсистираш на тоа.

Додека Маргарита ги облекуваше чорапите, Фабијан го закопча патентот на панталоните и низ насмевка рече:
– Нема подобро чуство од секс на јавно место. Потсетува на нашите корени. Како ти беше тебе?
– Како секогаш, – одговори Маргарита, местејки ги премените коса. Немаше задоволство во нејзиниот глас.
– А проклетиот Молина рече дека не сум способен да задоволам жена. Би сакал да те види сега. Твојата убава насмевка по чинот. Зарем не си среќна?
– Секако дека сум, – одговори Маргарита иако го мислеше спротивното.

Алехандро пиеше кафе во апартманот на Дијана, додека таа го проверуваше својот мејл на лаптопот.
– Кати, мојата секретарка ми пратила мејл, – рече Дијана и ја отвори пораката. –Чудно…Ми пратила фотографија.
– Да видам ,- љубопитно рече Алехандро и погледна во мониторот. На негово големо изненадување, девојката од фотографијата беше истата она која тој наводно ја имаше убиено на Островот.
– Зошто твојата секретарка ти пратила слика од оваа жена, Дијана?
– Кога се вратив во Сан Кристобал, ја замолив Кати да ми пише ако има нешто ново за смртта на Лорена. Во миелот стои дека оваа жена те барала во апартманот во Санта Исабел.
– Кога ме барала?, – изненадено ја праша Алехандро.
– Непосредно по смртта на Лорена.
– Нема никаков сомнеж дека ова е жената од Островот.
– Алехандро, јас ја имам видено оваа жена.
– Каде?
– Во хотелот. Истиот ден кога и ти ја виде. Го прашав Бенигно и ми кажа дека и е пријателка на Естер.
– Зошто не ми кажа досега, Дијана? Ова е доказ дека Естер и Артемио се замешани. Не може да биде случајност, истата жена поради која бев уапсен да ме барала во Санта Исабел и да била тука во хотелот. Требало веднаш да ми кажеш, – додаде прекорно.
– Само сакав да заборавиш на се што се случи. Но, сега сфаќам дека згрешив.
– Сфаќаш ли дека Артемио знаел за постоењето на Фернанда, но никогаш не им кажал на Валенсија? Несреќникот си поиграл со двете сестри.
– Тој човек е болен, Алехандро. Прво ја силувал Марија Клара а потоа и ја убил нејзината сестра близначка. Може истото да го стори и со Марија Клара.
– Сега разбираш ли зошто морам да останам овде, Дијана? Не можам да заминам пред Артемио Сантибањез да плати за стореното?!
– Прости ми што често бев тврдоглава и себична, што сакав да те натерам да заборавиш на се и да заминеш од ова пеколно место.
– Ти си добра и интелигентна жена, Дијана, – рече тој, земајки ги нејзините раце. – Затоа и верувам во тебе, – додаде и ја зеде во својата прегратка.
Му требаше соучесник и не смееше да си дозволи да ја загуби. Му требаше некој који ма комплетна доверба во него за да не предизвика сомнежи пред другите. Дијана беше идеална во неговата игра.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …