Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #036 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #036 | ARDIENTE PASIÓN

 

36то продолжение

 

Дон Вадо со нетрпение чекаше да ја запознае фамозната Јулиса, несвесен каква игра му подгтвува судбината.

–          Каде е Јулиса, Ектор? Каде е твојата девојка? Но, пред да ја побараш, почекај малку. Сакам да наздравам за рударот и мојата внука кои живеат заедно.

–          Не почнувај, Вадо, те молам, – го замоли неговата сестра Ребека.

–          Ти немаш право да се мешаш, ништожничке, – и префрли Вадо па се искачи на врвт од скалите каде што можеше да го види секој присутен на забавата. Ја подигна чашата со коњак и се ообрати; – Драги пријатели и познаници. Ви благодарам што вечерва сте дел од оваа голема фешта. Вечерва имам чест да објавам неколку значајни работи поврзани со мојата фамилија. Имам добри и лоши вести. Ќе започнам со лошите за да ја крунисаме вечерта со добрите. Во просторијава имаме пример на лош управник. Дамијана Фуентес, младата жена со сомнителна титула на инженер. Ќерката на мојата сестра одлучи невенчано да живее со рудар од мојот рудник, никој и ништо како што е и таа самата. За малку Дамијана ќе ја уништеше целата моја империја со своите интриги, па морав да ја исфрлам од компанијата. Погледнете ја, дами и господа, гледате во жена која е вистински промашај, – со прст покажа на Дамијана која посакуваше во тој миг да исчезне.

–          Ти немаш право да зборуваш за промашај, Вадо Фалкон!, – хистерично извика младата жена.

Матакан ја знаеше својата должност. Пријде до Дамијана за да ја изнесе насилно од куќата.

–          Пушти ме, горило! Нема да дозволам Вадо вака да ме понижува пред кремот на Малиналко! Нема повеќе да ги трпам неговите навреди!

–          Носи ја, Матакан!, – му нареди дон Вадо.

Матакан ја грабна Дамијана за раката и се обиде да ја извади од салонот полн со гости. Дамијана беше горделива и се ослободи од раката на обезнедувањето ветувајки дека самата ќе излезе од куќата. Но пред да го направи чекорот на прагот од вратата, се заврте кон Вадо и довикна;

–          Ова не е последен пат како што се гледаме, Вадо! Еден ден ќе ми платиш за сите понижувања!

Вадо триумфално се смешкаше. Неговата прва замисла беше остварена.

–          Мистика!, – ја довика својата верна домарка. – Донеси ја готвачката!

–          Зошто ви е Саграрио?, – збунето праша Мистика.

–          Сакам да наздравам а готвачката требаше веќе да ги донесе чашите за шампањ.

Од врвот на скалите, Вадо забележа како Тристан се продира меѓу гостите со цел да излезе од куќата.

–          Тристан Фуего!,  – довикна. – Не одиш никаде! Остануваш тука!

–          Никој не може да ме задржи овде. Јас не сум куче на кое можете да му извршувате наредби. Ниту сум ваш слуга, ниту роб, – додаде Тристан и се упати кон влезната врата.

Од кујната се појави Саграрио со кристалните чаши за шампањ. Дон Вадо беше лут што таа не се појави на време. Сега беше доцна бидејки нејзиниот син Тристан само што ја напушти забавата.

–          Доцниш, Саграрио! Не те бидува за ништо.

–          Извинете, дон Вадо…

–          Опколен сум со неспобни луѓе во оваа куќа.

–          Оставете ја готвачката на мира дон Вадо, – се замеша Ектор. – Саграрио, вратете се во кујната, ве молам.

Саграрио немаше храброст да погледне во својот син. Не додека служеше. Само ја спушти главата и се упати назад кон кујната. Вадо повторно се заврте кон гостите, овој пат со чаша шампањ.

–          Забавата продолжува, дами и господа! Шампањ за сите! Уживајте.

Музиката продолжи да свири, а гостите почнаа да се собираат едни со други коментирај ги ко невкусниот начин и скандалот на кој Вадо ја истера родената внука од својот дом.

Но, Вадо не обрнуваше внимание на малите озборувања. Тоа му беше и целта. Шеташе помеѓу гостите и пријде до младиот адвокат Саломон.

–          Саломон Алкантара, рековте, – се присети дон Вадо. – Зарем вие не бевте адвокатот кој ја бранеше слободата на рударот? Не знаев дека сте пријатели со Ектор.

–          Јас и Ектор се познаваме од студии, – одговори Саломон.

–          И од каде тоа баш вие да го браните рударот?

–          Слушнав за случајот. Ме привлече приказната и прифатив.

 

Со мало задоцнвање на забавата се појави и Антолин Варгас во придружба на Капричо и Енграсија, откако и двете девојки прифатија да присуствуваат на забавата. Антолин пријде до Вадо кој стоеше со Саломон и гордо ги претстави  своите пријателки.

–          Извинете што ве прекинувам. Само сакав да ве запознаам со моите придружнички. Капричо и Енграсија.

–          Моето име е Капричо Кастро. Мило ми е што конечно имам прилика да ве запознаам, дон Вадо.

Дон Вадо беше воодушевен од изгледот на пријателката на Антолин. Ја побара нејзината рака да ја бакне, па пријде близу Антолин и му дошепна на уво;

–          Убава е. Погрижи се за неа како што доликува.

–          Ветувам, дон Вадо, – лукаво се смешкаше Антолин.

 

Ноќта беше мирна и со полна месечина. Јулиса не уживаше во целата гужва која се одржуваше во куќата, па излезе на свеж воздух во градината. Пријде до мостот на малото езеро. Занесена, гледаајки како месечевата светлина се одразува во мирните езерски води, почувствува нечија сенка близу себе. Помисли дека е Ектор кој ја бара, но беше Трситан.

–          Само дојдов да се поздравам со тебе, – тивко и рече Тристан. – Моето место не е овде. Не меѓу оваа парада на суета. Ниту твоето место не е тука, Јулиса. Ајде со мене.

–          Зарем не треба да си одиш со дамата со која дојде?, – го праша иронично.

–          Јулиса, верувај, помеѓу мене и Дамијана нема ништо. Само сум и благодарен што плати кауција за мене.

–          Платила кауција бидејки и се допаѓаш!

–          И ти му се допаѓаш на Ектор! Погледни ме, Јулиса…Погледни ме!

Ја држеше цврсто за рацете барајки и го немирниот поглед.

–          Никогаш нема да се откажам од тебе! Никогаш нема да дозволам да му припаднеш на друг!  Ти не си ова, Јулиса. Ти не припаѓаш овде! Не ваква, во овој скап фустан кој не ти доликува, не со оваа шминка и накит кој и ги купил тој!

–          Ти најдобро знаеш зошто сум тука со Ектор. Имам мисија која му ја ветив на мојот дедо пред да почине. Ектор е единствената шанса за мене да влезам во оваа куќа и да бидам близу Вадо Фалкон.

–          Не заборавај дека и покрај се, јас сум подготвен да се борам за твојата љубов, Јулиса.

Ја држеше врсто за половината додека зениците на очите им се ширеа од желба за другиот. Во ист миг се предадоа на жарта која ги привлекуваше, љубејки се страсно на мостот каде што само месечината беше сведок на силната привлечност меѓу двајцата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …