Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #020

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #020

#20то продолжение

 

 

 

Браулио ја изгасна цигарата во пепелникот и со десната рака го шлапна задникот на жената која му го пакуваше куферот со алишта.

–       Што би правел без тебе Перлита?

–       Наместо да ме гледаш како пакувам, оди истуширај се. Уште да задоцниме по твоја вина.

–       Твојата заповед е наредба за мене, кралице моја, – и рече бакнувајки ја во уста пред да влезе во бањата.

Перла, жена во рани четиресети години, живееше на работ со маж како Браулио. Поради неговите валкани зделки постојано се селеа, од населба во населба, од град во град. Додека го затвараше куферот, се огласи ѕвоното во куќата.

–       Добро утро, – ја поздрави Себастијан, држејки букет рози во рацете. – Дали е ова фамилијата Росалес?

–       Грешка, – одговори Перла, затворајки ја вратата.

–       Извинете, – инсистираше Себастијан. – Зарем ова не е вашата адреса?, – покажа на листот хартија кој го држеше в раце.

–       Да, – одговори Перла откако ја погледна напишаната адреса. – Но, овде не живее фамилијата Росалес. Штета, убави рози. Како и да е, убав ден.

Но, Себастијан не се откажуваше.

–       Извинете, но ми истекува работното време и ако не ги предадам розите, ќе имам проблем. Дали можеби познавате соседи со презимето Росалес?

–       Не, нема никој со презимето Росалес во квартот, колку што јас знам. Сега извини ме, лепотану, но се брзам.

–       Само уште ова. Дали сучајно ова е вашиот домашен телефонски број?, – Себастијан повторно и покажа на листот хартија каде што под куќната адреса беше испишан телефонскиот број.

–       Да. Е.

–       Тогаш не ми е јасно зошто ми го дале вашиот телефонски број, вашата адреса а туѓо презиме. Дали смеам да го позајмам вашиот телефон и да се јавам во цвеќарата? Не би сакал да останам без работа.

–       Во ред, но нека биде кратко, бидејки навистина се брзам а мојот сопруг се тушира и не би сакала да ме види како пуштам странец во нашиот дом.

Перла му ја отвори вратата да влезе. Му покажа каде стои телефонот. Себастијан и заблагодари и ја подигна телефонската слушалка.

Во меѓувреме, пред да влезе под туш Браулио слушна гласови од ходникот. Ја сопре славината, и ја подотвори вратата од бањата.

–       Хосе Карлос е на телефон, госпоѓо, – лажно се претстави Себастијан на лажниот телефонски разговор. – Дојдов на адресата која ми ја дадовте, Енрике Ребсамен, број седум, но овде не живее фамилита Росалес. Не е можно постајано да ми го правите ова, госпоѓо.

Браулио веднаш го препозна гласот на пилотот од авионот. Полека и на прсти излезе од бањата, пријде до холот и ја повлече Перла кон себе.

–       Дали си ти нормална?, – извика низ заби држејки ја силно за рацете.

–       Што е?

Браулио ја испушти својата жена од рацете, посегна по пиштолот и пријде до Себастијан кој сеуште го водеше лажниот разговор со сопственичката на цвеќарницата.

–       Крени ги рацете и полека заврти се, – му нареди.

 

Додека Каталина се облекуваше, Мануел ги разгледуваше работите во нејзината соба.  Она што му привлече внимание беше џебното ноже кое го пронајде на наткасната покрај кутијата за накит. Ножето му делуваше познато, како да го имаше видено и претодно.

–       Каде е Каталина?, – одеднаш го слушна гласот на Луз како влегува во собата.

Мануел се заврте и ја погледна.

–       А од каде ти доаѓаш во оваа доба?

–       Не е твој проблем. Прашав каде е сестра ми?

–       Се облекува, – одговори кратко. – Чие е ова џебно ноже?

Луз се пресече. Добро знаеше за приказнаа со ножето кое Каталина и ја раскажа. Посегна по раката на Мануел и го зеде ножето кај себе.

–       Мое е. Поточно на еден мој пријател, зошто?

Мануел не одговори ништо. Во тој миг од бањата излезе Каталина подготвена за излегување.

–       Луз…

–       Зошто не ми кажа дека ножето кое ми го даде Анхел е кај тебе?, – ја праша Луз покажувајки и го џебното ноже во раката.

Каталина почусвствува грутка во грлото.

–       Извини, сум заборавила…

–       Не е важно, – ги пресече Мануел. – Да одиме. Сакам да те одведам на едно место. И покрај околностите, ти подготтвив изнеднадување.

–       Да одиме, – рече Каталина, посегна по својата чанта и го напуштија станот.

 

 

Себастијан ги испушти розите од едната рака и телеофнската слушалка од другата. Ја заврте погледот. Се најде очи во очи со човекот кој последен пат го виде како се дави во реката.

–       Значи не си мртов и покрај се?

–       Не си во состојба да бидеш циничен, пилоте.

–       Кој те плаќа? Кажи ми ко те плати да го урнеш авионот?

Себастијан не можеше да се контролира. Беше дојден да ја дознае вистината и немаше намера да замине без истата. Со стапалото направи замав и го турна пиштолот од рацете на Браулио. Одекна истрел кој заврши во ѕидот на бараката.

            Фредо слушна рафал кој доаѓаше од куќата и со набрзина потрча. Го затекна Себастијан врз Браулио Сантос, крвнички удирајки го.

 

 

            Исадора Дуран гледаше на тарот карти кога заѕвоне телефонот. Просторијата во која беше, беше затемнета соба, исполнета со свеќи и миризливи стапчиња.

–       Ало? Да јас сум. Добро е што ми се јави бидејки сакав да ти кажам дека не сакам повеќе да го правам ова што ме тераш да го правам. Не сакам повеќе пари, не сакам ништо, само сакам мир. Во ред. Во ред. Разбирам.

Кога прекина разговорот, со рацете премина преку косата, прашувајки се;

–        Ај, Исадора, Исадора, во што се вмеша.

Краткото ѕвонење на вратата и ги пренасочи мислите. Стана да отвори. Во станот влезе Емператриз.

–       Ми требаш, Исадора. Мораш итно да ги отвориш тарот картите за мене.

 

 

Во меѓувреме, Агата Уриостеги уживаше во свежо овошје и кафе во задниот двор на свјата куќа во Педрегал, кога слушна како некој и приоѓа. Беше нејзиниот уредник.

–       Тоа што си мој уредник, не значи дека можеш да влезеш без најава.

–       Прости, Агата, но слугинката ми рече…

–       Зафатена сум. Што сакаш?

–       Но, не правиш ништо.

–       Добивам визија за мојата наредна книга.

–       Извини. Но, знаеш дека сите медиуми дознаа за твоето доаѓање во градот. Ти договорив телевизиско интервју со…

–       Какво интервју, каква телевизија? Не сакам да чујам, Ектор. Сето тоа само ми го убива духот и инспирацијата.

–       Во ред, госпоѓо. Но, не знам како ќе излезете денес, бидејки само што забележав дека пред портата има дузина новинари.

–       Имаш право. А сакав да одам да го посетам Лусијано. Како и да е, ќе се снајдам. Ти благодарам на одвоеното време и предупредувањето, Ектор. Се гледаме.

Откако нејзиниот уредник замина, во градината слезе слугинката. Агата веднаш доби идеја откако ја забележа униформата која девојката ја носеше. И дојде на идеја да ја облече униформата на слугинката и да излезе од куќата. Така и стори. Незабележано пројде покрај новинарите пред капијата и на крајот повика такси кон болницата.

 

 

Откако завршија со визитата во болницата, Мануел и Каталина влегоа во неговиот автомобил. За време на целиот пат, Каталина беше молчелива и отсутна.

–       Што ти е?, – ја праша Мануел.

–       Не знам. Најверојатно ми падна тешко што го гледам дон Лусијано во ваква состојба. Секогаш бил силен и активен.

–       Нема потреба да очајуваш. Повторно ќе биде силен и активен како некогаш, – ја тешеше Мануел, кој ни самиот не веруваше во своите зборови. – Уште нешто? Чувствуам дека не си ми како што треба денес.

–       Можеби бидејки малку спиев и низок ми е притисокот.

–       Би сакал да верувам дека е само тоа.

–       Не знам што сакаш да ти кажам. Тоа е причината.

–       Во ред, не се лути. Знам дека те погодија зборовите на онаа вештерка Исадора, која ја покани Емператриз.

–       Глупости. Воопшто не помислив на тоа, – рече Каталина. – Каде одиме? Одвај чекам да видам кое е изненадувањето. Има уште многу?

–       Малку е вон градот, но вредно е за патот кој го возиме. Сигурен сум дека ќе те направам среќна. Ќе видиш.

 

 

Себастијан се врати назад во станот откако се увери дека полицијата го приведе Браулио Сантос. Ја фрли кожената јакна преку троседот и го отвори фрижидерот по ладно пиво.

–       Смири се, Себастијан. Полицијата го приведе и по приложувањето на доказите, сигурен сум дека ќе биде осуден, – го смируваше Фредо.

–       Нема да се смирам додека не отвори уста, додека не признае кој стои зад таа операција.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!