Почетна / Забава / Евровизија / Ќе вреди ли чекањето на Литванија за евровизиската ноќ?

Ќе вреди ли чекањето на Литванија за евровизиската ноќ?

 

Donny Montell – I’ve Been Waiting For This Night (Литванија)

 

За разлика од својот сосед Летонија, Литванија на Евровизија е уште во 1994 година. Најдобриот пласман досега што го освоиле е шестото место во 2006 година со нумерата We Are the Winners.

 

 

Од 2004 па наваму, откако се воведени две вечери на Евровизија успеала да се пласира во финале седум пати. Своето учество за Евровизија 2016 го потврдија на 13 јули минатата година потврдувајќи дека ќе го користат истиот национален избор како минатата година насловен “Eurovizijos” dainų konkurso nacionalinė atranka. Овој долг избор траеше точно 10 недели почнувајќи од 9 јануари 2016 па се до изборот на песна и изведувач на 12 март.

 

Donatas Montvydas има 28 години и на фановите на Евровизија не им е непознато лице. Воедно тој ја претставуваше својата земја на Евровизија 2012 со песната Love is Blind и го освои 14-тото место во финале. Роден на 22 октомври во Вилниус, Donatas уште од мали нозе е дел од музиката. Уште на 6 години бил дел од шоуто за млади пејачи “Dainų dainelė”. Има издадено два албуми, Donny Montell (2012) и #BLCK (2016).

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …