Саботна забава со книга во рака

Светскиот ден на книгата е голем празник за сите нас што живееме со книгите и за книгите. Денот што во Каталонија се прославува со прошетка низ улиците со книга во рацете, во ТРИ ќе го одбележиме со ширум отворени врати за читателите и промотивни, празнични цени на сите наши изданија. Сабота, 23 април, Градски трговски центар & Дебар маало.

Еден од многутте новитети на Три е „Сакајте се себе до совршено здравје“ од Лујза Хеј. Едноставен и моќен систем за лекување на телото, умот и душата кој ви дава едноставни рецепти и ви открива што значи здрава храна, решавајќи ги забуните за делотворноста на диетите.
 „Сакајте се себе до совршено здравје“ ве учи да го сакате своето тело и да ги слушате неговите пораки. Зашто здравјето започнува со нашите мисли.
Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				