Почетна / Серии / Теленовели / Фото | Бали Бег прогласен за маж на годината

Фото | Бали Бег прогласен за маж на годината

 

Популарниот турски актер Бурак Озчивит се приклучи на неговата убава колешка Меријем Узерил, која е прогласена за најжена на годината.

 

 

Познатиот турски актер и миленик на женската популација Бурак Озчивит, ќе биде прогласен од страна на магазинот „GQ“ за најмаж во Турција. Озчивит, кој ја игра улогата на Бали Бег во серијата „Величествениот“, ќе и се придружи на ѕвездата Меријем Узерил, која неодамна беше именувана за најжена на годината од страна на истиот магазин.

 

 

Инаку, Бурак во 2005. година го освои второто место на натпревар за најдобар модел во светот, но таа работата никогаш не го привлекувала, како и глумата. Како што вели тој, случајно заскитал во светот на актерството и таму се укотвил. Неговата голема љубов се фудбалот и старите автомобили.

 

{gallery}112012/burak-cq{/gallery}

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се дознае ли вечерва измамата за виното „Бруско“ ?

Неверојатни пресврти во грчката сапуница која секоја вечер се емитува на телевизија Сител. Во епизодите …