Почетна / Телевизија / Евровизија / Скандали, апсења, местенки – кој проба да го намести фестивалот?

Скандали, апсења, местенки – кој проба да го намести фестивалот?

 

Како и секој ден после Изборот за македонски претставник на престижниот фестивал „Евровизија“ така и денеска наша работа е да ги броиме скандалите произведени оваа вечер.

Многу шминка, костими, гламур и навидум чисти образи, а зад тоа еден цел огранизиран криминал.

 

 

Имено, вчеравечер после завршувањето на Скопскиот фестивал биле приведени еден спственик на продукциска куќа и познат македонски композитор заедно со други јавни личности од македонската естрада. Сопственикот на продукциската куќа заедно со уште неколкумина, меѓу кои и малолетници, се товарат дека на организиран начин направиле измама со телевоутингот. Полицијата на неколку локации спровела акција при што биле запленети 1.000 сим картички.

Колку за потсетување, од еден телефонски број можеше да се гласа само еднаш.

На Скопскиот фестивал се избра годинешниот претставник на Евровизија. Македонија годинава ќе биде претставувана од Даниел Кајмакоски, второто место и припадна на Тамара Тодевска, а третата заврши Еги.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …