Почетна / Живот / На Охридското Езеро ќе се гради аеродром

На Охридското Езеро ќе се гради аеродром

 

Министерството за транспорт и врски објави барање за изразување на интерес за учество во меѓународен повик за изградба на нов аеродром на вода на Охридско Езеро. Како дел од мерките и активностите кои ги презема Владата на Република Македонија за подобрување на националниот сектор за воздухопловство, една од целите е да се олесни можноста за учество на приватниот сектор во финансирањето, развојот, оперирањето и одржувањето на нов аеродром на вода во Република Македонија. Предвидено е во рамките на целокупниот проект да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода на Охридско Езеро, соопшти министерството за транспорт и врски.

 

 

Владата на Република Македонија, преку постапка за доделување на концесија или постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, ќе избере приватен партнер или концесионер од приватниот или јавниот сектор кој ќе биде одговорен за имплементација и реализирање на проектот преку јавно приватно партнерство или концесија. Изјавата за интерес со краток опис на активностите на компанијата и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните 3 деловни години, заинтересираните субјекти треба да ја достават 10 декември 2012 година.

 

Во објавеното меѓународно јавно барање е истакнато дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на UNECSO и претставуваат најпосетени туристички места во Република Македонија, а се потенцира и тоа дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охридското езеро и градот Охрид со останатите туристички дестинации на балканскиот полуостров. Барањето е објавено дневните домашните и меѓународни печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски. Аеродромите на вода претставуваат атрактивен и корисен начин за туристите да патуваат од едно туристичко место до друго и со овозможувањето на изградба на таков аеродром во Охрид се очекува дополнително зголемување на бројот на туристи.

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!