Почетна / Телевизија / Наскоро | Водени лудории во „Ква Ква авантура“

Наскоро | Водени лудории во „Ква Ква авантура“

 

Продукција Томато, со години не анимира со исклучително квалитетни и оригинални ТВ проекти. Овој пат подготвуваат нешто ново! Станува збор за летна ТВ емисија со натпреварувачки карактер, насловена „Ква Ква авантура“, која ќе биде атрактивна како за гледачите, така и за самите учесници!

 

 

„Епа народе, редно беше! Здодевното Скопско лето ќе го исполниме со авантура. Не ни треба море, езеро… Си имаме сонце, вода, бранови, а што е најважно, си го имаме и новиот Аква парк во Скопје. Доколку имате натпреварувачки дух и сакате да покажете колку сте добри во спуст по тобогани, во трчање по вода, во пливање нуркање, влечење јаже… едноставно составете тим од тројца френдови и три френдици и нормално еден и единствен капитен, па пријавете се на нашата фан страна или на тел 30 94 991. Дојдете да се натпреваруваме, ветуваме одлична забава!“.

„Ква Ква авантура“ ќе се емитува на Алфа телевизија.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Легендарното трио К-15 во живо во Арена „Борис Трајковски“

Легендарното трио „К-15“ се враќа да заокружи 30 години дружба на многу оригинален начин.  Настанот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!