Почетна / Забава / Младиот музичар Вико го промовира своето прво музичко дело

Младиот музичар Вико го промовира своето прво музичко дело

 

Младиот музичар од Штип Виктор Пецов алијас ВИКО, целиот живот го минува со  музиката. Неодамна решава да направи нешто свое, по кое, како што вели,  ќе го препознаваат, и се надева дека тоа ќе го постигне со ова негово прво музичко дело.

 

Продуцентот од кој што ја добил матрицата е познат под прекарот  Мантра, а девојката со која заедно го исполнуваат ова дело се вика Бреана Марин. Вико , таа и мантра колаборирале преку интернет. Текстот хармонијата и мелодијата во песната се на Вико. За Миџ / Мастеринг и снимањето на  песната бил задолзен Мики Миноски – Иноматик, а истата е реализирана во неговото студио.

 

 

„Би сакал да кажам дека ова е само мојот старт“ – вели ВИКО, кој промовирајќи ја песната на медиумите, наскоро најавува уште многу нови и оригинални теми.

Во меѓувреме, во продолжение преслушајте како звучи „Dear Diary“:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!