Почетна / Забава / Евровизија / Мануела ќе ја претставува Словенија на Евросонг со кантри поп песна

Мануела ќе ја претставува Словенија на Евросонг со кантри поп песна

 

Словенија со кантри поп песна “Сино и црвено”

 

Дебитирајќи во 1993 година, Словенија досега бележи просечни резултати на овој настан. Нивниот најдобар пласман е седмото место кое го имаат остварено два пати (1995, 2001). Словенската радиотелевизија го потврди своето учество во Стокхолм на 14 септември минатата година. Традиционално, словенскиот претставник се избира преку националното финале насловена Евровизиска мелодија (ЕМА), кое беше досега продуцирано во различни формати, со исклучок на 2013 година кога тие интерно го избраа претставникот.

 

 

ЕМА 2016 беше дванаесетото издание досега кое се оддржа на 27 февруари и во него се претставнија 10 изведувачи, меѓу кои и Нуша Деренда која со песната Energie го освои седмото место во Копенхаген 2001 година. Жирито ги оценуваше песните со оценка од 1-5 и двете нумери кои имаат најдобра оценка од жирито одат во суперфиналето. Таму двете песни беа гласани исклучиво од страна на публиката кои одбраа дека нивен претставник за Евровизија е песната Blue and Red отпеана од ManuElla.

 

Manuela Brečko има 27 години, а е родена во Целје, Словенија. На 16 години настапила во втората сезона на шоуто Bitke talentov. Во 2011 година се натпреварувала на Misija Evrovizija и завршила во четирите најдобри. Завршила музичко школо (клавир и хармоника), а свири и на гитара. Во 2011 година дипломирала на Факултетот за електротехника во Љубљана.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија надвор од Европа – нема да учествува на Евровизија 2025

Според објавената Предлог програма на МРТ за 2025, на Првиот програмски сервис, можеме да заклучиме …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!