Почетна / МК Сцена / Кристијан Пашоски најавува спот за својот нов хит

Кристијан Пашоски најавува спот за својот нов хит

 

„Фантазија“ е насловот на новата песна на Кристијан Пашоски, која во јавноста ќе се појави на 10-ти овој месец заедно со нејзиниот видео запис. Се работи за летна песна во хаус електро стил, за која не се сомневаме дека ќе биде хит ова лето. Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, додека пак текстот е на Елена Трпковска.

 

„Спотот повторно е во соработка со Dream Cast Production. Снимањето помина одлично, се снимаше еден ден во студиото на продукцијата, во една супер пријатна атмосфера. Нека очекуваат многу ефектен, интересен и различен видео запис, со многу бои карактеристично за овој период од годината, за кој се надевам ќе и се допадне на самата публика”, изјави Кристијан.

Очекувајте го наскоро новиот видео запис на Кристијан, а додека се појави и самиот спот, ексклузивно погледнете кратки инсерти од истиот.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …