Почетна / Сапуници / Десет години „Млади Бунтовници“

Десет години „Млади Бунтовници“

 

На денешен ден, далечниот 15-ти октомври, 2003-та година, во 11:00 часот наутро на А1 телевизија, македонската јавност за прв пат ја слушна нумерата “Pase lo que Pase. piedra quien piedra”… а со истата започна и ерата на Бунтовниците.

 

 

И млади и стари ги сакаа и живееја со нив речиси две години, се до финалето на серијата на 5-ти јануари 2005-та година.

Се собираа албуми со самолепливи сликички, се купуваа дискови на групата Erreway, се собираа колажни постери од тогашниот дневник ‘Време’, а имињата на Пабло, Миа, Марица и Мануел беа наизуст насекаде.

Во таа чест, денеска се сеќаваме на едно убаво време, време на невиност и младешки сни, време на прва љубов, време кое никогаш нема да се повтори.

 

 

Во прилог Ви ја оставаме насловната нумера која верувам дека кај секој некогашен љубовник на Бунтовниците, ќе остави само блага насмевка на лицето и понекоја прикриена солза.

 

 

 

 

Бергер | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …