Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Даниел Кајмакоски го оживеа кралот на попот на сцената на ТЛЗП

Даниел Кајмакоски го оживеа кралот на попот на сцената на ТЛЗП

 

Даниел се бори за влез во финале

 

 

„Ова е досега најтешката задача“, призна Даниел пред излегувањето на сцена. Кајмакоски вечерва, во полуфиналната емисија на “Твоето лице звучи познато” изведе две песни од Мајкл Џексон и тоа „Dirty Diana“ и „Thriller“. Тој покажа дека одлично се снаоѓа и вокално и во танцот во улогата на кралот на попот, Џексон.

 

 

Многу денс чекори, многу маски, зомби, пиротехника. Уште еднаш, Кајмакоски ја запали сцената во Србија.

Сите членови на жири комисијата, Ана Кокиќ, Иван Ивановиќ и Владо Георгиев се согласија дека Даниел одлично се снашол во полуфиналната улога, кратко кажано бил фасцинантен и сјаен.

– Ти го оживеа Мајкл Џексон, ја запали сцената – додаде Кокиќ.

 

 

Даниел вечерва заедно со останатите деветмина учесници во третата сезона на шоуто се борат за влез во финале. Само петмина влегуваат во големото финале, а кои ќе бидат тие петмина зависи од гласовите на жири комисијата, самите учесници и секако од телевоутингот на гледачите.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …