Почетна / Телевизија / Гледачите одлучуваат – дали Адам и Мите одат во финале на „Пинк ѕевзди“

Гледачите одлучуваат – дали Адам и Мите одат во финале на „Пинк ѕевзди“

 

Адам и Мите до финале само со вашите гласови

 

Регионалното талент шоу “Пинк ѕвезди” се ближи до својот крај. Во сабота на 18 јуни 2016 година во Белград во живо ќе се одржи полуфиналето на шоуто, во кое настапуваат 18 кандидати.

 

 

Меѓу нив се и нашите македонски учесници, Мите Стоилков и Адам Лабунски кои ќе имаат единствена шанса да се борат за влез во финалето. Адам успеа да ги освои публиката и жирито со својот специфичен изглед и глас, а досега пееше песни на Адил, Саша Ковачевиќ и Тоше Проески. За разлика од него, Мите фасцинираше со неговата смиреност на сцена, убавиот глас и убавата насмевка.

 

 

На полуфиналната вечер, публиката е таа што го има единствениот збор. Гледачите од Балканот ќе имаат можност да гласаат дури откако во текот на вечерта, водителот ќе објави дека е време за тоа. Па така, само вие почитувани читатели и гледачи, ќе може да ги однесете Адам и Мите во големото финале, кое ќе се одржи следната сабота во студиото на Пинк.

 

 

Доколу сакате македонска ѕвезда да биде овогодинешна Пинкова ѕвезда, гласајте на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : Z (празно место) и редниот број на кандидатот :

GLA Z16 –  за Мите Стоилков

GLA Z18 – за Адам Лабунски

 

Потсетуваме, гласањето почнува дури откако ќе објави водителот. Сабота, 21 часот, Сител телевизија – полуфинале.

 

 Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …