Почетна / Забава / Евровизија / Видео | „Дона“ на Калиопи е македонската песна за Евровизија

Видео | „Дона“ на Калиопи е македонската песна за Евровизија

 

“Дона” – македонската претставничка на Евровизија

 

Како што е познато, Калиопи е македонската претставничка на овогодинешното издание на Евровизија, кое во мај ќе се одржи во Стокхолм, Шведска. По успехот на “Црно и бело”, Македонската телевизија реши Калиопи повторно да ја претставува Македонија на најпознатиот европски натпревар.

 

 

Песната со која Калиопи ќе настапи на гламурозната сцена е промовирана вечерва, во специјална емисија на Македонската телевизија.

Песната се вика “Дона” и е дело на Калиопи и Ромео Грил. Во продолжение погледнете го спотот за истата во која моќниот глас на Калиопи е надополнет со нежните звуци на виолините :

 

 

Уште еднаш честитки за Калиопи и нејзиниот тим. Македонија може да биде горда со една вака убава, нежна и светска песна како што е “Дона”. Стискаме палци за нашата дива и убава дона.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …