Почетна / Забава / Бесплатна журка во црвено и бело во сабота

Бесплатна журка во црвено и бело во сабота

 
Во сабота (14 јуни), на улица Македонија во Скопје се одржува настан насловен како Центар во црвено и бело. Целата Улица Македонија во центарот на Скопје ќе биде местото каде музиката ќе се трансформира во еден огромен супер урбан денс подиум. Забавата започнува околу 19 часот, а кулминацијата ќе биде во 22.30 часот кога на сцената доаѓа еден од најпознатите светски диџеи, Dash Berlin кој својот настап ќе го има на огромна бина со озвучување и осветлување за 15 000 лица. 
Даш Берлин е еден од првите 10 најголеми дј-и во светот според реномираното списание ДЈ МАГ (http://www.djmag.com). Има 3 милион фанови на својот фб профил и е едно од најактулените дј имиња на светската електронска денс сцена.
 

Слика

 
Започнал како тапанар пред да ја открие електронската музика. Од тогаш е извор на инспирација за многу светски диџеи. Неговата „Better off alone“ беше прва транс-песна што дојде од Европа во Америка, а го инспирираше француската суперѕвезда Дејвид Гета и еден од најголемите рапери Виз Калифа. Има работено со многу музичари меѓу кои Џастин Тимберлејк, Џенет Џексон, Лени Кравиц, електронското дуо Ројксоп, бендот на Фарел Вилијамс, Н.Е.Р.Д., Ени Ленокс и други. Неговиот ремикс на песната „Rock your body” од Џастин Тимберлејк ја доби наградата за најдобар ремикс на шоуто за музички награди „Денс стар САД“. 

Но она што ја прави оваа забава посебна освен тоа што нема да се плаќа карта, е и тоа што од посетителите се бара посебен дрес код, кој ке биде белата или црвената боја која пожелно е да доминира во горниот дел на гардеробата. За таа цел на посетителите, дополнително ќе им се делат бесплатни маици во бела или црвена боја (по избор) со што ке се задржи идентитетот на забавата.
Исто така ќе биде изработен специјален декор за забавата во истите бои кој ке биде поставен по должината на улица Македонија. Забавата ке биде збогатена и со специјални видео проекции, ласерско шоу,огномети и сценски ефекти.

Слика

Покрај главниот гостин ќе настапат и голем број македонски ДЈ-и. Повторуваме, забавата во сабота е бесплатна за сите љубители на оваа музика.

 
 
 

Дани Петковска | ТВ Пакет
 
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!