Почетна / Забава / Арнаудова со три ексклузиви во своето ново видео

Арнаудова со три ексклузиви во своето ново видео

 

Во присутсво на многу гости, пријатели, новинари и соработници, со дегустација на префинетите Пети Вердо, Шираз и Шардоне Барик на винаријата Стоби, вчеравечер во Супер Клуб се случи промоцијата на видеото за макфестовската „Земи ме“ на Кристина Арнаудова. Приказна која се случува во старо-новиот театар, е приказна со која екипата на Луминари Медиа доби екслузивна можност да го понесе епитетот екипа која прва снимала во просториите на овој објект.

 

Во присуство на многу гости, пријатели, новинари и соработници, со дегустација на префинетите Пети Вердо, Шираз и Шардоне Барик на винаријата Стоби, вчеравечер во Супер Клуб се случи промоцијата на видеото за макфестовската „Земи ме“ на Кристина Арнаудова. Приказна која се случува во старо-новиот театар, е приказна со која екипата на Луминари Медиа доби екслузивна можност да го понесе епитетот екипа која прва снимала во просториите на овој објект.

 

 

Со голема филмска екипа, продукција со тим на врвни професионалци, промовирање на модни парчиња кои допрва човечкото око ќе ги забележи, дегустирање на Барик вкусовите на Стоби, се само дел од сегментите со кои Кристина го оствари својот сон, кој вчера сите имавме можност да го уживаме.

 

 

– „Се најдовме двете со некоја многу слична енергија. Веднаш се разбравме, многу е лесно да се работи со неа, прекрасен човек е. Првапат работам со жена-режисер. Жена си е жена, ние сме посензитивни, перфекционисти. Мислам дека оваа соработка ќе има одличен тек.“,  вели Кристина во врска со соработката со Јорданова.

Режисерката Јорданова, пак, вели:
– „Голема чест ни е што сме прва екипа што ја имаше можноста да снима во новиот театар. Големо е задоволството да се снима во новиот ентериер. Има прекрасна заднина, и историска и визуелна, така што се обидовме да го направиме максимумот, да го искористиме просторот и да го покажеме театарот во најдобро светло.“ – објаснува Јорданова.

 

 

Креациите што Кристина ги носи во новото видео се на Тања Кокев, а за шминката и фризурата задолжена беше Зорица Николова. Целата видео приказна се снимаше во театарот.

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!