Почетна / МК Сцена / Викендов на МРТ 1 ќе се емитува новото издание од „Макфест“

Викендов на МРТ 1 ќе се емитува новото издание од „Макфест“

Годинашното издание на фестивалот „Макфест“ ќе се одржи на 25 и 26 октомври, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Оваа година новост на фестивалот е што се одбрани дури 28 песни, но исто како и претходните две години „Макфест“ќе има ревијален карактер.

Првата вечер, на 25. месецов, ќе настапат изведувачи, кои се недволно афирмирани, а жири комисија и публиката во салата ќе ги одберат најдобрите шест кои ќе настапат втората вечер, на која ќе видиме и познати музички имиња чии изведби ќе бидат модерни и трендовски, но поддржани од дополнителни инструменти.

Макфест дирекно ќе се пренесува на МТВ по завршување на вестите. Водители се Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска, на црвениот тепих е Јана Бурческа, a меѓу познатите имиња кои ќе ги гледаме се Елена Ристеска, Дарио, Павле Камилоски, Дани, Антониа Гиговска и др.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени рефрените од сите 20 песни на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што …

error: Содржината е заштитена!