Почетна / Филм / „The danish girl“ – филм за првата трансродова личност

„The danish girl“ – филм за првата трансродова личност

Филмот “The Danish Girl” е биографска приказна за првата позната трансродова личност Лили Елбе (Lili Elbe), а настанат е според основата од нејзините мемоари.

Копенхаген 1926 година. Го следниме младиот брачен пар, сликарот Аинар (Eddie Redmayne) и Грета (Alicia Vikander). Аинар е популарен локален сликар, а неговите пејсажи имаат свои муштерии. Грета слика портрети, актови, но иако има талент, таа безуспешно го нуди на трговците. „Би можело од тебе да биде нешто, но само доколку пронајдеш адекватна тема за сликање“ така гласеше и една од репликите која се однесуваше на нејзините слики, на тоа дека немаат некаква вредност која би можела да ги заинтересира пребирливите колекционери.

Имено, Аниар и Грета имаат пријатен брак, тие исто така многу се популарни во друштвото поради својата екстравагантност и слободниот хумор, така што од чиста радозналот, а и поради тоа што доцни моделот, Грета му предлага на својот маж да ѝ позира во женски хулахопки и нараквици, но исто така и да си префрли женски фустан на себе. Од тие ноншалантни игри се раѓа Лили Елбе. Грета реализира цела низа на актови и портрети на новонастанатата Лили, кои постигнуваат успех и ја воздигнуваат нејзината кариера. Проблем е тоа што Лили полека го зазима ликот на нејзиниот сопруг и ја истиснува личноста на Аинар.

На почетокот Грета не дава многу значење на отворениот фетишизам на Аинар кон нејзината прекрасна ноќница, бидејќи сето тоа функционира најнормално во нивните сексуални односи но до моментот кога случајно ќе го види бакнежот помеѓу него и младиот уметник Хенрик (Ben Whishaw). Аниар постепено се повлекува во себе, чувствувајќи се заробен во тело на маж, додека Грета е свесна дека го губи својот маж, па бара решение за неговиот проблем. Покрај низата на лоши дијагнози со кои радо би го фрлиле нејзниот сопруг во лудница, наидува на Нилс (Henry Pettigrew) неговиот пријател од детството кој ѝ ја нуди својата помош.

Еди Редмејн во своите интервјуа имаше изјавено за тоа колку само детално работел на градењето на овој вид на улога. Посетувал трансродови личности, ги набљудувал нивните движења а исто така на режисерот му предложил полека да се воведува и неговата феминистичка страна. Но според мене, Еди уште од самиот почеток е изразито феминизиран, но доколку се занемари овој факт, тој совршено делува како човек заробен во машко тело. Неговите движења на рацете, грациозноста, погледите, позирањето, сето тоа е една одлична актерска трансформација.

Целосната филмска критика на филмот може да ја прочитате на ФИЛМСКА АНАЛИЗА.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!