Почетна / Серии / „Littlest pet shop“, нова цртана серија на МТВ 1

„Littlest pet shop“, нова цртана серија на МТВ 1

Нова канадско американска цртана серија на Македонската телевизија во новата сезона. Неодамна на првиот канал на МТВ започна серијата “Најмалата продавница за миленичиња”, која се емитува од понеделник до петок во 19 часот, пред централните вести.

Приказната започна кога Блeјт заедно со својот татко се досели во нов стан, над една продавничка за миленичиња. Она што и за неа стана интересно е што таа всушност разбира што зборуваат животинките. Свесна за нејзината моќ, таа започнува голема авантура со малите миленичиња, а сите заедно се пред големиот предизвик – да ги спасат миленичињата од злобниот Фисер.

Серијата е снимана од 2012 до 2016 година, а се емитуваше и на регионалниот канал за детска програма, Минимакс.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …