Почетна / Забава / Валентајн журка со Маршал Џеферсон во ХО клуб

Валентајн журка со Маршал Џеферсон во ХО клуб

 

ХО клуб за денот на вљубените со гордост ви најавува ексклузивно гостување на таткото на хаус музиката, како што е наречен во светски рамки, Маршал Џеферсон.

 

 

Директно од Чикаго, продуцентот и ДЈ на скопјани ќе им овозможи  врвно музичко доживување со неговите најдобри траки, меѓу кои ќе биде и легендарната „Move your body“ со која го создаде правецот Чикаго хаус, вклучувајќи звуци на пијано во неа.

Џеферсон има свој удел во неколку од највлијателните песни во хаус музиката со што стана еден од најдобрите и најбарани светски продуценти. Почетокот на Валентајн журката во петок е на полноќ, а влезниците до 01:00 ќе чинат 200 денари, а потоа 250.

ХО клуб, за Х можности.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Интервју со Џејсон Деруло на неколку дена пред концертот

Македонската публика со нетрпение го очекува најголемиот летен спектакл, концертот на светската мегаѕвезда Џејсон Деруло …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!