Почетна / Сапуници / Во тек се последните епизоди од „Семејството“ и „Децата од улицата“

Во тек се последните епизоди од „Семејството“ и „Децата од улицата“

Драматичните хит серии „Семејството“ и „Децата од улицата“ на чекор до самиот крај.

Оваа седмица завршува приказната за криминалното семејство на Аслан Сојкан. Дали семејството ќе расчисти со сите непријатели и ќе обезбеди светла иднина за Аслан и неговата љубена Девин, дознаваме во финалните епизоди од “Семејството”, секоја вечер во 22.30 часот.

Веднаш по завршетокот на “Семејството”, наредната седмица следува момент на збогување и со телевизиската серија која ја одбележа сезоната.

Ќе ја крунисаат ли својата љубов вашите Ѓулајше и Барбадос? Доаѓаат ли конечно безгрижни мигови за “Децата од улицата”, откриваме во последните епизоди, секоја вечер по централниот Дневник.

Во текот на топлите месеци кои престојат, овие две серии ќе бидат заменети со нови и подеднакво возбудливи играни серии. Следува серија со омилената негативка од турските серии, но и нова романса за еден неочекуван љубовен триаголник. Бидете така.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тинејџерската драма „Нов почеток“ во 19:45 часот на Канал 5

Многупати животот дава шанса за нов почеток. Така и за гангстерот Емин, бестрашниот насилник од …

error: Содржината е заштитена!