Маестралната и неповторлива Каролина Гочева успеа да направи вистински новогодишен спектакл за сите присутни на централниот плоштад во Скопје за новогодишната ноќ. Како јаготката на шлагот, супербрендот настапи последна и предизвика еуфорија и аплауз какви што ретко се паметат.

Публиката во еден глас играше и пееше на нејзините песни, а на масовната толпа се приклучуваа и луѓето кои славеа и во локалните кафичи.

Сепак, она што предизвика најголемо внимание е нејзиното палто, односно стајлингот кој и овој пат остана забележан и коментиран од сите.

Ви благодарам на сите кои синоќа останавте до крај и заедно ги поминавме првите моменти од новата година и покрај мноогу ладното време 🥶❄️
Мене околу срцето ми беше топло 🥰
Палтото за кое ме прашувате во пораки е на @Markov
Стајлингот на Jovana Zuka
А шминка и фризура Moe Studio Dadar


Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
