Почетна / МК Сцена / Видео | Јордан Митев со песна за својот син за 20 годишниот јубилеј

Видео | Јордан Митев со песна за својот син за 20 годишниот јубилеј

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за ситенаши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции…

И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватенплан, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син…

– 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика.Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее… па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниотподарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мојдоаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичкаисторија.

Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколкуденови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една неговамузичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешнамузичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогашмаксимално им е професионално посветен…

За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите Македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада. На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да сеиспочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот сингл на Мартинијан зборува со тишина, а освојува со емоција

По својот впечатлив настап на овогодинешниот Макфест, каде публиката првпат ја слушна „Без да кажеш …

error: Содржината е заштитена!