Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Познато е кога продолжуваат „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“

Познато е кога продолжуваат „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“

Од сабота, 20 септември од 21:15 часот, се враќа форматот „Ѕвезде Гранда“ на националните фреквенции во Србија, Црна Гора, Босна и Македонија.

Жири во изменет состав, ново студио, нови таленти и сето тоа под водечката палка на Ана Севиќ, Милан Митровиќ и Војо Недељковиќ. Сабота навечер останува термин за телевизиска забава со познатите поп и фолк рефрени од екс ју естрадата.

Покрај Гранд, тука е и музичкото шоу на ветераните – „Никад није касно“. Новата сезона на ова популарно музичко натпреварување започнува на 21 септември (недела) во 21:15 часот.

Веднаш по “ННК”, како и досега, така и во новата сезона, ќе го гледаме и „Ѕвезде Гранда специјал“ во кое ќе можете да уживате со Весна Милановиќ, Синиша Медиќ, нивните гости и многу добра музика.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгана Мирковиќ влегува во „Ѕвездите на Гранд“? Преговорите се во тек

Драгана Мирковиќ би можела да биде ново лице во жирито на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите …

error: Содржината е заштитена!