Сабота, 23:15 часот на МРТ 1
Форензичар се наоѓа во смртоносна трка со времето за да го пронајде вистинскиот убиец.
Жек Грам (А. Пачино) е познат универзитетски професор кој работи за ФБИ како форензички психијатар. Ноќта пред егзекуцијата на серискиот убиец и силувач Форстер (Н. Мекдона) се случува ново злосторство на ист начин како и она за кое е осуден, што доведува до сомнителна пресуда која се заснова на стручното мислење на Грам, бидејќи немало материјални докази.
Тогаш Грам добива порака дека му остануваат само 88 минути живот, а подметнати докази укажуваат дека Грам всушност ги извршил овие нови убиства. Грам, со полицијата зад пети, започнува трка со времето за да го открие вистинскиот сторител.
Дани | ТВ Пакет