Почетна / Забава / Фото | Торта од јагоди од сопругата за роденденот на Вилијам Леви

Фото | Торта од јагоди од сопругата за роденденот на Вилијам Леви

 

Вилијам Леви го прослави својот 36-ти роденден

 

Популарниот кубански актер Вилијам Леви наполни 36 години. За многумина важи за најубавиот маж на светот, девојките насекаде низ светот лудуваат по него, а момците отворено му завидуваат и ги следат неговите модни трендови.

 

 

Познат за македонската публика по главните улоги во мексиканските теленовели, а вниманието дополнително го привлекува со тоа што е оженет со една од најзгодните латиноамерикански актерки, Елизабет Гутјерез (позната како Анали).

 

 

И токму на неговиот роденден, неговата сопруга пријатно го изненадила, подготвувајќи вечера за нив, нивните две деца Кристофер и Каили, и најблиските пријатели.

“Среќен роденден, љубов моја. Уште една година како сме заедно и среќни. А заедно сме 14 години” – напиша Елизабет, на фотографијата објавена на Инстаграм.

 

 

“Дојдов дома и видете што начекав. Бескрано сум благодарен. Изгледа преубаво” – одговори Вилијам на подарокот од саканата сопруга.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Композиција од Дарија Андовска на над 35 радио-станици во целиот свет

На 13.10.2021 во 20ч во Биоскоп Балкан во Белград, во рамките на 67-то издание на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!