Почетна / Серии / 15 обновени серии

15 обновени серии

CBS обнови петнаесет серии!


 

Од CBS одлучија да не го чекаат мај и мајските upfront-и па така им ги скратија маките на фановите на бројните серии и обновија дури 15 од оние на нивниот распоред. Меѓу продолжените серии се најде и миленичката на критичарите – The Good Wife, потоа два ситкома, Mike & Molly и 2 Broke Girls и две реални шоуа Undercover Bass и The Amazing Race кои му се придружуваат на веќе обновениот Survivor. Што се однесува до драмите, зелено светло за нова сезона добија NCIS, NCIS: Los Angeles, Hawaii Five-0, Blue Bloods, Person of Interest, Criminal Minds, CSI и The Mentalist. За следната сезона исто така обновени се и сезоните на магазините 60 Minutes и 48 Hours Mystery. The Big Bang Theory и How I Met Your Mother се наоѓаат на половина сезона и имаат повеќегодишна обнова.

Во пописот на обновени серии недостигаат само неколку. Тука не ги видовме Two and a Half Men, чија судбина зависи од Ештон Качер, кој сеуште не го продолжил својот договор за нова сезона. Од драмите, преостануваат новодојдените Unforgettable и A Gifted Man, но и популарните CSI spinoff-и  од Мајами и Њујорк. Непозната е судбината и на Rob и Rules of Engagement. Се очекува дека некоја од овие серии сепак ќе биде спасена, најверојатно CSI: Miami и Rules of Engagement. A Gifted Man и CSI: New York немаат речиси никаква шанса за опстанок.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди