Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 20

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 20

 

Моќните водопади лизгаа право во водата на реката на неколку километри од градот. Опкружен со високи врби и неверојатен мир, работеше еден од најскапите ресторани во Малиналко. Имаше можност да бира скапа храна каква што никогаш немаше вкусено, тоа пладне, но Јулиса одби да земе било што.

–          Не благодарам, не сум гладна.

–          Донесете шише од најстарото и најскапо вино кое го имате, момче, – Ектор му рече на келнерот па го врати фокусот на убавите црни очи на Јулиса. – Не можам да те разберам, Јулиса. Те доведов во најубавиот ресторан во градот, каде што се служи само првокласна храна и пијалок, а ти се однесуваш како да те измачувам.

–          Не сум расположена за славење. Ја прифатив поканата бидејки  ми ветивте дека ќе го запознаам адвокатот кој ќе работи на случајот на Тристан.

–          Зошто немаш доверба во мене, Јулиса?

–          Бидејки не можам да разберам. Не можам да сфатам зошто не сакате да се знае дека му помагате на Тристан?

–          Ти си најубавата жена која некогаш сум ја видел, – Ектор не одговори на прашањето, само ја спушти својата рака на нејзината.

–          Ве прашав нешто, можете да ми одговорите, – Јулиса ја повлече својата рака назад.

–          Бидејки Тристан ме гледа како непријател и нема да прифати да го платам неговиот адвокат.

 

По повеќе од половина час чекање, Јулиса го загуби трпението ис тана од масата во ресторанот на отворено.

–          Сето ова е уште една лага, инжењеру. Адвокатот беше само изговор за да ме доведете овде, не?

–          Саломон требаше веќе да биде тука, – одговори Ектор погледнувајки на рачниот часовник. – Можеби заглавил во сообраќајот. Те молам остани уште кратко.

Јулиса длабоко воздивна. На крајот сето ова беше за Тристан. Се врати на масата, кога повторно ја почувствува раката на Ектор на својата кожа.

–          Зошто толку многу ти пречи моето присуство, Јулиса? Бегаш од моите зборови, од моите допири…погледни ме во очи.

 

Дамијана мораше да си признае дека Антолин навистина се имаше погиржено за таа вечер. Лос Тулипанес беше еден од најелитните ресторани во градот а со тоа беше и еден од најскапите. Штом влезе во ресторанот, погледот и падна на еден пар во аголот. Не можеше да си поверува во она што го гледа. Пријде до нивната маса, подготвена да направи сцена.

–          Ова е веќе премногу, Ектор! Зарем со смрдливата работничка од рудникот?

Ниту запрепастениот ни бесен поглед на Ектор не можеше да ја спречи Дамијана во нејзините навреди кон Јулиса.

–          Инжињерот ми направи услуга бидејки ми треба работа, – збунето се бранеше Јулиса.

–          И сигурно ти понуди нешто за замена?!

–          Замолчи, Дамијана!, – избувна Ектор. – Нема да ти дозволам да ја навредуваш Јулиса, уште помалку пред мене! Антолин, одведи ја твојата пријателка подалеку од мене, – му нареди на Антолин.

–          Води сметка како се однесуваш кон една дама, Ектор, – му замери Антолин на својот пријател.

–          Јас си одам, – рече Јулиса и нагло се подигна од столицата во намера да го напушти ресторанот.

–          Застани, Јулиса, те молам, – ја сопре Ектор земајки ја за рака.

–          Зарем не гледаш дека те врти околу малиот прст?, – иронично заклучи Дамијана. – Рударката само си игра со тебе, Ектор.

–          Јас не играм со никого,- се бранеше Јулиса. – Јас имам момче во кое сум заљубена, човек кој е зад решетки по ваша вина!

–          Толку многу го сакаш што наместо да седиш дома и да го оплакуваш, ти си на вечера во елитен ресторан со друг маж? Уживаш во добро вино и скапа вечера, која самата не можеш да си ја дозволиш. За колку се продаде, рударке? За една вечера? Или твојата цена е повисока?

–          Што сакате можете да зборувате за мене, но едно е сигурно, дека имам повеќе достоинство од вас…госпоѓице, – гордо и врати Јулиса овој пат решена да замине без никој да ја спречи во истото.

–          А ти, Екторсито?! Ја користиш својата позиција за да ги заведеш кутрите работнички?, – цинично продолжи Дамијана.

–          Не се обидувам да заведам никого Дамијана. Меѓу нас двајца е одамна готово и ти го знаеш тоа. Сега сум вљубен во друга, – и дофрли Ектор и го напушти ресторанот.

Ја најде Јулиса пред локалот како се обидува да сопре такси.

–          Јулиса, почекај. Извини, не сакав вечерва да се претвори во вакво фијаско.

–          Цела оваа вечер беше една голема фарса.

–          Не, не беше. Ти ветив дека ќе го извадам Тристан од затвор и така ќе биде.

–          Само сакам да ви биде јасно едно нешто, инжињеру. Сето ова го правам за љубов кон Тристан.

 

За Дамијана беше уништена целата вечер. Прво одби да пие вино, а потоа одби и храна со изговор дека го загубила апетитот. Антолин не можеше да се воздржи а да не ја прекори.

–          Не знам зошто воопшто излегуваш со мене. Сеуште не можеш да го заборавиш Ектор, нели Дамијана? Не можеш да се помириш со фактот било која друга девојка да е со него?

–          Носи ме дома, Антолин, не се чувствувам добро. Те молам.

–          Не заборавај дека е предоцна за да се повлече од игра, драга. Предлабоко навлеговме во ова за да се откажеш. И уште нешто, во ова сме двајцата.

 

Рано следното утро, Ектор беше прв во својата канцеларија пред сите останати. Неговиот мозок функционираше како совршена машина и со голема брзина и прецизност ги организираше своите обврски. Веќе беше девет часот кога неговата секретарка го најави доаѓањето на неговата нова соработничка.

Откако ја спушти телефонската слушалка, во неговата канцеларија влезе Јулиса. Дел од косата и беше префрлена во задниот дел, што го отвараше нејзиното убаво лице. На себе носеше жолт фустан кој ги оцртуваше нејзините облини. Ектор помисли дека никогаш не ја видел поубава од сега.

–          Добро утро, господине Фалкон.

–          Јулиса…

–          Само Бог знае колку ми требаше за да ја прифатам вашата понуда, инжењеру.

–          Ти ветувам дека нема да се покаеш. Овде ќе имаш можност да се докажеш, да изградиш кариера, – ја храбреше Ектор.  – Ќе ти докажам дека жртвата ќе ти се исплати. Сега се ќе биде добро.

–          Не би сакала да се задржувам долго време во вашата канцеларија. Инжењерката Фуентес и онака веќе ме има ставено на пик, не би сакала цела фирма да мисли дека флертувам со Вас. Уште еднаш ви повторувам, инжењеру, ја прифатив вашата понуда за работа само да го спасам Тристан.

–          Никој ништо нема да рече за тебе, Јулиса. Од денес ти си моја помошничка и целата фирма има да го знае тоа и да те почитува како таква. Во меѓувреме, мојот пријател Саломон ќе се погрижи што поскоро да го извади Тристан од затвор.

–          Тогаш, која е мојата прва задача?

 

Во кујната на дон Вадо владееше хаос  тие два дена бидејки готвачката Саграрио не доаѓаше на работа. Мистика повеќе немаше разбирање за нејзините проблеми и реши да и даде отказ. Од друга страна пак, Ребека имаше потполно разбирање за проблемите на готвачката.

–          Кутрата Саграрио, толку е тажна поради нејзиниот син, а сега и ова.

–          Саграрио требаше да знае дека ќе ја сочува работата само ако доаѓа на истата,- Мистика продолжи да ја обвинува. – Ако седи дома и кука нема да го извади Тристан од затвор.

–          Тристан, Мистика? Кој е Тристан?, – ја праша Матакан, кој го пиеше утринското кафе во кујната.

Го читаше утринскиот весник, но кога се спомна името Тристан ја поддигна главата.

–          Тристан Фуего, синот на готвачката, – потврди Мистика, па го подига послужавникот со појадокот и се упати кон трпезаријата каде што чекаше дон Вадо.

Во меѓувреме, задишана во кујната влезе Саграрио.

–          Извинете што доцнам, госпоѓо Ребека.

–          Саграрио, дали си добро? Мислевме дека и денеска нема да можеш да дојдеш. Мистика е бесна, подготвена да ти даде отказ.

–          Не, – крикна Саграрио. – Потрена ми е работата повеќе од било кога, доња Ребека. Ве молам не и дозволувајте да ме отпушти…

–          Иако сум сестра на Вадо, јас немам право на глас во оваа куќа, го знаеш тоа Саграрио.   Но, мојот брат ужива во вашата храна…Ќе видам што можам да сторам.

–          Ви благодарам, доња Ребека, знаев дека можам да сметам на вас.

–          Саграрио, и мене ми е потребна ваша услуга.

–          Кажете…

–          Можеби е необично ова, но…Морам да зборувам со Макарија Ромеро. Дали знаете каде можам да ја најдам?

 

Јулиса полека се вклошуваше во работните задачи, кога Ектор ја повика во својата канцеларија.  Кога влезе во канцеларијата на инжињерот, го затекна со непознат млад маж.

–          Јулиса, ова е Саломон Алкантар, адвокатот на Тристан. Гледаш дека не измислував, Саломон навистина постои.

–          Можеби Ектор има многу маани но не е лажливец, – се пошегува Саломон на сметка на својот долгогодишен пријател. – Мило ми е, Јулиса. Сакам да знаеш дека веќе ја превземав одбраната на Трсистан Фуего во свои раце. За скоро ќе биде слободен човек.

–          Не за скоро, – го поправи Ектор. – Тристан ќе биде слободен денес. Саломон веднаш ќе оди да ја плати кауцијата за слобода на Тристан.

–          Ви благодарам, инжењеру, – официјално се заблагодари Јулиса и ја напушти канцаеларијата. Ликуваше од среќа во себе кога излезе од канцеларијата. Секретарката Траснито љубопино се прашуваше кој е поводот за толкава среќа на новата помошничка?!

 

Саломон мораше да му признае на својот пријател дека Јулиса е навистина преубава девојка.

–          Сега гледам зошто толку се интересиаш за неа.

–          Јулиса ќе биде само моја, Саломон.

–          Мислев дека е девојка на твојот брат.

–          Тристан нема што да и понуди и ќе мора да се помири дека ја загубил. Освен тоа, Јулиса заслужува живот каков што само јас можам да и понудам. Многу скоро, Јулиса ќе биде моја! Само моја!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …