Почетна / Телевизија / Што најмногу читавте на ТВ Пакет во 2012. година?

Што најмногу читавте на ТВ Пакет во 2012. година?

 

Годината само што не си заминала, па ред е да направиме еден преглед на сето она што најмногу го читавте изминатите 365 дена во 2012. година, која ние, тимот на ТВ Пакет, си ја сметаме за најуспешна година од нашето постоење. Годинава отворивме повеќе категории и пишувавме за повеќе актуелности кои можеби и не беа дел од телевизијата, но тоа помогна во растот на рејтиног на сајтот. Да ги погледнеме десетте најчитани артикли за 2012. година.

 

 

Осман го отпеа мегахитот на Мишел Тело

Новинарот од ТВ Пакет сосема случајно го пронајде видеото на кое малиот Осман го пее мегагахитот на Мишел Тело. Истото со светлосна брзина се најде на сите останати портали како преземено од ТВ Пакет. Кај нас овој артикл беше прочитан 90.675 пати, со тоа е најчитан артикл на ТВ Пакет за 2012. година.

 

Теленовели во Македонија | Броеви на епизоди

Колку гледачите се интересираат за броевите на епизодите на теленовелите што се емитуваат во Македонија докажува токму овој артикл, кој е прочитан 81.566 пати. Посетителите на ТВ Пакет во текот на целата година го прегледуваат артиклот на кој вршиме update еднаш неделно.

 

Плејбојот сега се кае!?

Смелите сцени од балканските реални шоуа отсекогаш биле магнет за интернет сурферите, но овој наслов ги надмина рекордите. Дури 75.173 уникатни посети брои артиклот на кој таканаречениот „плејбој“ симулира секс со партнерката во шоуто.

 

Секс на плажа среде бел ден! (18+)

Секс на плажа среде бел ден, насловот беше доволен за артиклот да привлече 60.791 посети и стотина коментари од посетителите кои изјавуваа желби и тие да доживеат такво нешто.

 

Вилијам Леви како од мајка роден!

Провокативната и ексклузивна фотосесија на латино-американскиот срцекршач Вилијам Леви беше прегледана 51.942 пати. 

 

Другарот на Моника ја откри вистината за неа

Другарот на тинејџерката која јавно зборуваше за своето прво сексуално искуство беше попривлечен за читателите отколку самата Моника – 47.773 прегледи.

 

Како изгледа Модната недела во Битола?

Резилот на Битола – 46.313 прегледи.

 

Ковачевиќ ги излуди жените со новата фотосесија

Разголениот Саша Ковачевиќ беше прегледан 45.414 пати.

 

Се појави порно снимка од македонска новинарка (18+)

Порно снимка на македонската новинарка, која всушност никогаш не се појави во јавност – 44.137 прегледи.

 

Зар не се идентични?

Сличноста на Татјана Стојановска со друга презентерка од МРТ1 – 42.361 прегледи.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!