Почетна / Серии / Телма со босанска серија на местото на „Херои“

Телма со босанска серија на местото на „Херои“

 

На местото на американската хит серија Херои, Телма телевизија од овој викенд ќе ја емитува босанската серија „Сарајевске приче“ од 1991. година која е преведена како Службена верзија. Серијата ќе се емитува во сабота и недела од 20 часот.

 

 

Сараево, 1990-тата. Лична драма на едно семејство откако таткото, полициски инспектор, ќе биде убиен под сомнителни околности. Сценариото и режијата на оваа мини серија од 8 епизоди се на Фарук Соколовиќ, а во главните улоги настапуваат Бора Тодоровиќ, Мира Фурлан, Миодраг Кривокапиќ и Љуба Тадиќ.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!