Почетна / Телевизија / „Сите наши песни“ стартува со втора сезона

„Сите наши песни“ стартува со втора сезона

 

„Сите наши песни“ и оваа сезона ќе трага по таленти низ Македонија.

 

 

Проектот на Македонската радио телевизија за заштита и афирмација на македонската музика ќе продолжи со веќе познатиот концепт за избор на таленти. Шоуто започнува со натпревар на талентирани учесници од два града, а на тој принцип ќе се опфатат сите градови во Македонија. Потоа следува елиминиција и пласман во четврт финале, полуфинале и на крајот – самото финале. Селектирањето и избирањето на најталентираните кандидати ќе го спроведува стручна жири комисија составена од познати музички имиња од македонската естрадна сцена.

– Првата сезона на музичкото шоу „Танц со ѕвездите“ само дополнително го потврди нашиот став дека во Македонија има вистински талентирани музички вокали. Затоа одлучивме повторно да им дадеме шанса и можност за сопствена афирмација на оние кои се истакнуваат по своите музички квалитети и вокални способности. Очекуваме како и првиот, така и овој пат, да се пријават млади и надежни музички имиња кои со наша, но и со помош на публиката, ќе прераснат во вистински естрадни ѕвезди, изјавија од забавната редакција на Македонската радио телевизија.

На аудициите што ќе се одржат на 31. август и 1. септември во студиото на Македонската радио телевизија, ќе се направи селекција на најталентираните пријавени музички вокали. Право на учество имаат сите заинтересирани кандидати кои се постари од 16 години, а апликацијата за учество можат да ја преземат од веб порталот на Македонската радио телевизија www.mrt.com.mk/info/konkursi каде што се наоѓаат сите потребни информации за  проектот. Пријавата можат да ја испратат на електорнската пошта sitenasipesni@mrt.com.mk најдоцна до 25. август 2013 година.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …

error: Содржината е заштитена!