Почетна / Телевизија / СДСМ удри по МТВ, на власта ѝ пречеше програмата за Илинден

СДСМ удри по МТВ, на власта ѝ пречеше програмата за Илинден

СДСМ : Директорите на МТВ мора да поднесат оставки

Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија, реагира СДСМ.

Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија.

МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси.

Мора да има одговорност за денешното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снеже Велков се враќа на малите екрани со новата емисија на ТВ 24

Секоја среда во 19 часот на ТВ 24 ќе се емитува новиот формат на емисија …

Leave a Reply