Почетна / Живот / Пејачот Ламбе доживеа несреќа, но Бог го чуваше жив и здрав е!

Пејачот Ламбе доживеа несреќа, но Бог го чуваше жив и здрав е!

 

Утринава околу 10 часот, на превојот Плетвар, во близина на селото Раец, сообраќајна несреќа доживеа Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабакоски.

Како што пишува прилепскиот портал 10без10, поради лошите услови на патот и влажниот коловоз, Алабакоски изгубил контрола и излетал од патот при што неговото возило завршило превртено на покрив. Пејачот е жив и здрав, без потешки повреди, но неговиот Рено Меган е целосно уништен.

 

 

Веста за тешката сообраќајка на пејачот Ламбе Алабакоски со брзината на светлината се прошири низ медиумите, но и социјалните мрежи. Ламбе е познат по тоа што не сака многу да зборува, а и поради овој немил настан сите телефони му се исклучен. Сепак од порталот Вистина.мк успеаја да стапат во контакт со него.

– Изутрина одев да посетам еден дом со деца, хуманитарно. По пат имаше лизгав коловоз, возев според дозволеното, но се излизгав од патот на страна… ништо страшно, во ред сум, без гребнатинка. Не сакам да ги натажувам пријателите и блиските, Бог ме чува, изјави Ламбе.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново дело за жанрот крими-драма преку филмoт „Се викам Слобода“

Во издание на ЈОУ градска библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија деновиве излезе од печат теориското …