Почетна / Телевизија / Новото Пинково шоу „Повеќе од игра“ секоја сабота на Сител

Новото Пинково шоу „Повеќе од игра“ секоја сабота на Сител

 

Од продукцијата на Пинк доаѓа “Повеќе од игра”

 

Покрај “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”, во Македонија доаѓа најновиот формат на Пинк телевизија коj ќе понуди импозантна сценографија и светлосни ефекти. Се работи за ново српско шоу во кое освен многу музика, ќе видиме и многу танц.

 

 

За титулата победник во ова шоу ќе се борат 105 танцувачки детски групи во кои учествуваат деца од 6 до 16 година, кои воедно ќе треба да покажат умешност и способност во своето танцување.
Познатите Пинкови ѕвездички од првата сезона ќе пејат, тин групата Мастер Бластерс ќе свират, а натпреварувачките групи ќе танцуваат. Во шоуто ќе видиме и македонски натпреварувачи.

 

Жирито го сочинуваат Тијана Дапчевиќ, Ана Николиќ, Локица Стефановиќ, Мина Заларевиќ и Милица Церовиќ. Како и на “Ѕвездички”, така и на ова шоу, водителка е Маријана.

Шоуто ќе го емитува Сител телевизија и тоа секоја сабота со почеток во 16:30 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …