Почетна / Телевизија / Новиот македонски ситком „Цимери“ од понеделник на Алфа

Новиот македонски ситком „Цимери“ од понеделник на Алфа

 

Нова македонска серија, од понеделник на Алфа телевизија

 

Во понеделник на Алфа телевизија започнува новата хумористична играна серија „Цимери“. Проектот е дел од сопствената играна продукција на Алфа и ќе содржи 40 епизоди од по 30 минути. Ваков проект и недостасуваше на публиката, вели режисерот Бачовски, кој надополнува дека дејството опфаќа реални ситуации од животот со веродостоен игран приод.

 

Извршен продуцент на серијата е Тони Ристов, а се работи според идеја на Ефтим Трајчов.

Сценаријата ги напишаа Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Главните улоги го толкуваат: Кристина Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеоски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Бојан Велевски и други македонски артисти.

 

 

Главните шест лика се Марко, Цветко, Митко, баба Цена, Финка и Свјатло Красимиров, кои ќе го прикажат животот на цимерите во Скопје низ комичните ситуации на нивниот секојдневен живот. Случките низ кои ќе ги градат ликовите се од современото живеење и се проткаени со хумористични и иронични заплети. Темите се актуелни, секојдневни и провокативни, од вработување и градење кариера до вљубување, сексуалност, па се’ до тоа како да се преживее во голем град.

Музичката тема на серијата “Цимери” ја изведуваат Куку Леле, а серијата е снимана во студиото на Алфа и на неколку локации во Скопје.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа телевизија со нов веб сајт со модерен изглед и повеќе содржини

Алфа ТВ со целосно редизајниран веб-сајт, кој носи помодерен изглед, поедноставна навигација и значително подобра …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!