Почетна / Телевизија / На сајтот на Алфа само вести – тргната архива и програмските содржини

На сајтот на Алфа само вести – тргната архива и програмските содржини

На alfa.mk од сега ќе читате само вести

 

Телевизија Алфа го промени дизајнот на својот веб сајт. Нови бои, нов распоред на статиите, навистина убаво естетско освежување. Но, она што зачудува е што на сајтот доминираат исклучиво вести. Политички вести, вести од културата, спортот, сцената е тоа што може да се прочита на интернет порталот на телевизијата, но никаде не фигурира програмската шема на телевизијата и преглед на содржините кои ги нудат на нивната фреквенција.

Сличен дизајн на сајтот има и телевизија 21, со таа разлика што таму се дополнети информации и контакти за самата телевизија.

Праушуваме – како гледачите на овие две телевизии може да се информираат за програмите што ги нудат? Зошто на нивните сајтови нема никаква најава за филм, серија, емисија, квиз ?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 …

Leave a Reply