Почетна / Живот / Најголемиот авантурист Ед Стафорд тргнува во непознатото

Најголемиот авантурист Ед Стафорд тргнува во непознатото

 

Ед Стафорд: Пат во непознатото – нов серијал на Discovery Channel

 

Ед Стафорд е еден од најголемите авантуристи на денешнината, човек кој со своите подвизи има влезено во Гинесовата книга на рекорди откако прв го преоди Амазон од неговиот извор до точката каде што се влева. На Discovery поткрена нов бран на програма со серијалите  ,,Гол на напуштен остров”  и ,,Сам на светот”.

 


 

Сега тргнува во нова авантура со серијалот ,,Ед Стафорд: Пат во непознатото”, на предели кои се забележани на сателитски снимки, без идеја што точно следи, се до моментот на почетокот на снимањето. Во оваа автентична авантура, Ед одлучува на секоја нова локација да се фрли директно во акција со минимално подготвување од неколку часа пред да дознае каде оди. Бестрашниот авантурист ќе се потпре на своето искуство на преживување и ќе се прилагодува на непредвидливите околности за да успее во својата мисија. Патувајќи преку ледени карпи, пустини и планински подрачја, Ед ќе се бори со екстремни временски прилики, но ќе соработува со месното население кои ќе му помогнат околу снаоѓање на теренот, сместувањето и превозот.

 

 

Дестинации се: Западна Папуа, Сибир, Етиопија, Бразил и Замбија. Во секоја епизода Ед самостојно ќе го документира своето патување во друштво на режисерот на снимањето и ќе биде наоружан само со основна опрема за преживување, координати и дрон чии снимки ќе ги споредува со она што го гледа на теренот.

Ед објаснува:Ќе бидам присилен да размислувам во од и да импровизирам со добиената опрема и рута на навистина тешки терени. Баш затоа ме возбудува овој серијал-ќе биде права авантура”.

 

 

Првата епизода од новиов серијал ќе ја проследите денеска (13 октомври) во 21 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …