Почетна / Спорт / Настанот ,,Месецот на спорт” ја напиша победничката приказна

Настанот ,,Месецот на спорт” ја напиша победничката приказна

 

Изминатите 45 дена, ,,Месецот на Спорт” беше настан кој ги обедини сите бизнис единки кај нас, сите компании кои се натпреваруваа и се докажуваа кој е подобар. Во спортскиот центар „Форца“ , и СЦ ,,Борис Трајковски”, се одржуваа разни натпревари помеѓу пријавените компании. Уникатноста на овој настан е во компаниите и спортскиот дух на нивните вработени.

 

 

Вчеравечер во спортскиот центар „Форца“, се наградија најдобрите, се дружеа сите учесници и уживаа во пријатната атмосфера на финалниот ден на ,,Месец на спорт”.

 

 

Традиционално, по осми пат, во организација на Спортскиот центар „Форца“, видни македонски компании, учесници од сите сектори на македонската економија, се натпреваруваа во 8 спортски дисциплини, што е причина плус за големиот интерес и докажување кој е најдобар. Прво наградените добија вредни награди кои ќе можат да ги искористат летово и да одморат од спортскиот период полн со адреналин и натпреварувања.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Оваа сабота (17ти мај) со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!