Почетна / Забава / Евровизија / Летонија на Евровизија

Летонија на Евровизија

29/43

 ЛЕТОНИЈА

Изведувач: Anmary
Песна: ‘Beautiful Song’
1 Полуфинале (22/05/2012)

 

 Латвија е една од земјите кои уште во првите години на своето учество имаа забележан успех. Во 2000-та година се појавија за првпат и завршија на трето место, а две години подоцна во Талин победата ја однесе Мери Ен со песната I wanna . Од победата можат да се пофалат само уште во 2005-та година кога со песната The war is not over завршија на петтото место. Оттогаш и немаат баш импресивни резултати, а ниту пак квалитетни песни. Според мене, Латвија е земјата која секогаш избира навистина лоши песни. Годинава повторно беше така. Beautiful song е се само не прекрасна песна, доста ироничен наслов според мене. Анмари според многумина има иритантен глас, кој не може баш да привлече многу слушатели во Баку. Сепак песната си има една група фанови, но според мене ова не е доволно добро за влез во финале.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …