Почетна / Телевизија / Х Фактор / Кои познати личности се дел од новото жири на Икс фактор?

Кои познати личности се дел од новото жири на Икс фактор?

 

Кои се дел од жирито на X Фактор ?

 

ТВ Пакет ексклузивно ви открива кои ќе бидат новите членови на жирито од втората сезона на музичкото шоу “Икс фактор”.

 

 

Босанската пејачка Емина Јаховиќ е единствената која останува како дел од жирито. Таа за време на емитување на првата сезона привлече големо внимание особено кај машкиот дел од публиката, кои често знаеја да кажат дека шоуто го гледаат заради Емина. Дали и оваа сезона Емина ќе се заангажира за младите момци, останува да видиме.

Повеќе нема да ги гледаме Кристина Ковач, Жељко Јоксимовиќ и Кики Лесендриќ како дел од Икс факторското жири.

Сега на нивно место, неофицијално ќе застанат хрватската пејачка Јелена Розга, српскиот шармер Владо Георгиев и хрватскиот музичар Златан Стипишиќ – Џибони.

 

 

Втората сезона на шоуто во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, започнува во недела на 22 март во 21 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!